Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ИНТЕРВЈУ

Камен-темелник на Спомен- куќата на Тоше на годишнината од смртта

Андреј Николоски, извршен директор на фондацијата „Тоше Проески“

Катерина Шекеровска

Фестивалски награди, песни посветени на Тоше, книги, ДВД-изданија бесправно издадени, пиратски цедиња по продавници, трафики и пазари, сликички, маици - се само дел од секојдневните злоупотреби со кои се соочува Фондацијата „Тоше Проески“, чија основна цел и задача е заштита на ликот и делото на нашата најголема пејачка ѕвезда. Андреј Николоски, извршен директор на Фондацијата и братучед на Тоше, вели дека на адреса на Фондацијата секојдневно пристигнуваат десетици иницијативи, но многу е тешко да се направи разлика и да се одвојат добронамерниците од другите. Ставот на семејството Проески, а наедно и ставот на Меѓународната фондација, е да се почека да помине една година од трагичниот настан, па потоа заедно со јавноста транспарентно да се разгледаат сите предлози и иницијативи и да се одберат оние кои на вистински начин ќе го продолжат споменот за Тоше.



Пред почетокот на фестивалот „Охрид фест“ реагиравте да не се злоупотребува името и ликот, но сепак, организаторите не ве послушаа и една од наградите посветија на Тоше. Ова е само еден од последните примери на непочитување на вашите препораки, па оттаму и прашањето - со какви проблеми се соочува Фондацијата од основањето до денес во обидот да ги заштити ликот и делото на Тоше Проески?

- Фондацијата се соочува со проблеми од ваков вид секојдневно и пробува да ги реши, меѓутоа честопати без успех. Тоа бара многу време и енергија, која членовите на Фондацијата многу повеќе би сакале да ја насочат кон целите што ги има една фондација - да им помага на другите. Фондацијата честопати испраќа пораки преку
Како ги решавате спорните ситуации, еве, на пример, случајот со издавањето на морбидниот албум со сликички во Босна? И колку е тешко, односно реално можно да се надгледуваат сите иницирани проекти надвор од земјава?

- Во случајот со сликичките во Босна се преземени правни инструменти за решавање на случајот. Поднесена е тужба и треба да почне судење. Овој начин на решавање на проблемите е крајно непопуларен, бидејќи трае долго, црпи многу енергија, меѓутоа во некои вакви случаи тоа е единствениот начин. Потребен е навистина голем ангажман за да се следат сите случувања на сите територии каде што Тоше беше популарен и е прилично тешко да се контролира се'. Морам да изразам благодарност до фановите на Тоше од целиот регион за придонесот во зачувувањето на ликот и делото на Тоше.
медиумите, сакајќи на достоинствен начин да ги реши проблемите од овој тип, меѓутоа пораките секогаш не стигнуваат до свеста на оние на кои им се наменети. Фестивалски награди, песни посветени на Тоше, книга за Тоше, цедиња и ДВД-изданија бесправно издадени, пиратски цедиња по продавници, трафики и пазари, сликички, маици... се само дел од секојдневните злоупотреби.



Се' уште не стивнува интензитетот со кој се најавуваат проекти, се организираат манифестации, се посветуваат песни на нашиот трагично загинат Тоше. Тешко е да се издвојат чесните намери од борбата за дополнителен профит и заработувачка... Како Фондацијата прави разлика?

- На адреса на Фондацијата секојдневно пристигнуваат десетици иницијативи и искрено кажано - многу е тешко да се направи разлика и да се одвојат добронамерниците од другите. Најчесто тоа се иницијативи поврзани со користење на ликот и делото на Тоше.



До каде е изградбата на Спомен-куќата во Крушево?

- Во тек е изработка на главниот проект од страна на архитектите кои ја освоија првата награда на меѓународниот конкурс за избор на идејно решение што го распиша Министерството за култура и е планирано поставување камен-темелник на годишнината од трагичниот настан.



Каков е ставот на семејството Проески во однос на одржувањето разни манифестации посветени на Тоше, со оглед на тоа дека не е помината ни една година од неговата трагична смрт?

- Ставот на семејството, а наедно и ставот на Меѓународната фондација е да се почека да помине една година од трагичниот настан, па потоа заедно со јавноста транспарентно да ги разгледаме сите предлози и иницијативи и да ги одбереме оние кои на вистински начин ќе го продолжат споменот за Тоше.



Како живее Крушево во деновите по 16 октомври?

- За жал, Крушево по трагичниот настан е преполно со почитувачи на Тоше кои секојдневно му оддаваат почит, го посетуваат неговото вечно почивалиште, одат до манастирот „Св. Преображение“, ја бараат куќата во која израснал... Градот е преполн, но лицата на посетителите се во грч, насмевките се заборавени, тагата речиси и по една година од несреќата не стивнува... Доаѓаат луѓе од секаде, од земјава, од екс ЈУ-просторите, ги има и од прекуокеанските земји..., секаде каде што стасале гласот, песната и делата на Тоше.



Какви проекти се предвидени во понатамошната работа на Фондацијата?

- Во досегашниот период Фондацијата оствари голем број активности, главно, поврзани со донации на технички помагала, медицински средства низ повеќе институции во државава, како и помош на физички лица кои се борат за најдрагоценото - животот. Нареден проект под покровителство на Владата на РМ, а во организација на Фондацијата, е големиот хуманитарен концерт што ќе се одржи на 5 октомври на Градскиот стадион.


Статијата е прочитана 800 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Повторно во врска со проблематична личност
Русинката Марија - победничка, Македонката Драгана Чуприна - мис шарм
Десетта статуета „Еми“ за „Симпсонови“