Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

„Creative Arts Emmy“

Десетта статуета „Еми“ за „Симпсонови“

Култната анимирана серија „Симпсонови“ уште еднаш ја освои најугледната американска ТВ-награда за најдобар получасовен цртан филм во ударен термин на специјалното издание на „Еми“ за креативна уметност, кое се одржа во саботата во Лос Анџелес. „Симпсонови“ ја продолжи победничката низа, а овогодинешното „Еми“ наедно и' е десетто по ред (за време на 19 сезони кои се емитуваат на News Corp Ltd, која е во сопственост на мрежата Фокс ТВ), со што ја понесе титулата за најдолго прикажувана хумористична серија.

На „Creative Arts Emmy Awards“, каде што најчесто се наградуваат достигнувањата во категориите мејкап, костими, звук и сценографија и кое е загревање за „вистинското“ доделување на „Еми“ закажано за 21 септември, со статуета за песната „I’m F...ing Matt Damon“ се закити и Сара Силверман. Награди освои и историската мини-серија „Џон Адамс“, посветена на вториот американски претседател, а Кејти Грифин втора година едноподруго си заминува со статуета за најдобра реална програма „Kathy Griffin: My Life on the D-List“. Ѕвездата на „Сексот и градот“, Синтија Никсон, беше прогласена за најдобра актерка во епизодна улога и тоа за настап во серијата „Закон и ред“, а со „Еми“ се закитија и ТВ-ветеранот Тим Конвеј и Кетрин Џустен за улогата во „Очајни домаќинки“.


Статијата е прочитана 87 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Камен-темелник на Спомен- куќата на Тоше на годишнината од смртта
Повторно во врска со проблематична личност
Русинката Марија - победничка, Македонката Драгана Чуприна - мис шарм