Германија – европски благајник
Германија ќе обезбеди 5,05 милијарди евра за петтата транша од кредитот за Грција, чија вкупна сума изнесува 12 милијарди евра, распоредени меѓу земјите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, соопшти вчера германската државна банка КФВ.
Германската помош ќе претставува над половина од вкупната помош на европските земји што изнесува 8,7 милијарди евра во овој дел, истакна КФВ. Во досегашните четири транши Германија обезбеди в��упно 8,4 милијарди евра. |