Бегство од затвор во куфер
Полицијата од Мексико јави дека фатила жена што се обидувала да го извлече својот неофицијален сопруг од мексикански затвор во куфер откако била во посета кај него. Портпарол на полицијата од карипската држава Квинтана Ру јави дека вработените во затворот во Четумал забележале дека жената била нервозна и влечела голем црн куфер на тркала. Стражарите во затворот го провериле куферот на 19-годишната Марија Дел Мар Архона и го пронашле затвореникот Рамирез Тихерина во фетусна положба. Рамирез издржува 20-годишна казна затвор за обвинение од 2007 година за илегално поседување оружје. Архона е уапсена. |