Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Грчкиот пакет пред германски суд

Дали учеството на Германија за спас на Грција било
противуставно

БРИСЕЛ - Додека ЕУ се обидува да се справи со задолжената Грција, нов фронт се отвори вчера кога врховните судии во Германија проучуваат дали минатогодишната санација била легална. Уставниот суд во Карлсруе ќе го почне сослушувањето на аргументите во три случаи, преиспитувајќи ја улогата н�� Германија во санацијата на Грција и фондот за спас на еврозоната минатата година.

Каква било одлука ќе биде донесена за неколку недели, но судиите би можеле на крајот да заклучат дека учеството на Германија било противуставно. Околу 50 жалби за санацијата се поднесени до судот. Најголем број од нив се отфрлени, додека за 15 допрва треба да се одлучи. Од овие 15, три сега и официјално се разгледуваат. Меѓу жалителите се професорот по право Карл Шахтшнајдер, економистите Јоаким Старбати, Вилхелм Ханкел и Вилхелм Ноелинг, и Петар Гаувајлер, централнодесничарски парламентарец. Сите овие претходно имаат поднесено жалби за аспектите за учеството на Германија во ЕУ.

Нивни главен аргумент овој пат е дека помошта го прекршува Уставот на ЕУ во кој нема клаузула за санација. „Тоа ги прекршува основните правила на европските договори и структуралните принципи на монетарната унија - имено, забраната што се однесува на обврските на другите земји. Правата и одговорностите на Европската централна банка, исто така, се нарушени“, изјави Шахтшнајдер за „Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг“ кога ги објаснуваше неговите причини за жалбата.

Помошта за Грција, според адвокатот и долгогодишен противник на еврото, претставува задолжителна, должничка и финансиска унија што е „одлучувачки чекор кон европска држава“. „Но, на политиките не им е дозволено да го продадат суверенитетот на Германија“, додавајќи дека „големо прашање“ ќе биде улогата на германскиот парламент - кој му даде зелено светло на грчкиот пакет за спасување. „Дали ние граѓаните имаме право над тоа дали парламентот реагира законски или само ако тој воопшто реагира?“

Германија, како благајник на Европа, плаќа најмногу од пакетот за спас на Грција договорен минатата година од ЕУ и ММФ во вредност од 110 милијарди евра и има најголем национален удел во фондот за спас во вредност од 750 милијарди евра формиран за спречување кризите дополнително да се шират.

Со население кое се' повеќе се противи да ги дава парите за спасување на еврозоната, канцеларката Ангела Меркел е политички акробат. Таа се наоѓа во средина меѓу тоа да ги држи Германците задоволни со тоа што жестоко ќе ја критикува Грција и да ги смирува пазарите кои постојано се сомневаа во политичката волја зад ветувањата за солидарност дадени на Атина.

Меркел минатата година беше цел на жестока критика поради она што беше видено како одложување на нервозата на пазарот пред да даде согласност за првиот пакет за санација. Нејзините помошници подоцна посочија дека се чувствувала присилена од Уставниот суд на Германија.

Правните аргументи во судот ќе се концентрираат околу тоа дали ЕУ не погреши при употребата на членот кој овозможува помош за друга земја-членка на ЕУ во случај на исклучителни околности.

Сослушувањето, на кое ќе присуствува и германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, се случува само неколку дена откако ЕУ лидерите постигнаа начелна согласност за втор пакет за санација на Грција, иако деталите допрва треба да се дообработат. (ЕУ обзервер)


#
Статијата е прочитана 770 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Франција ќе ги асимилира имигрантите
И Холандија одговорна за Сребреница
Бегство од затвор во куфер
Германија – европски благајник
Атина станува „протекторат“ на ЕУ

"""