Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Франција ќе ги асимилира имигрантите

Париз - Министерот за внатрешни работи на Франција, Клод Геан побара интеграција и асимилација на странците кои живеат во оваа земја, истакнувајќи дека сака да ја намали легалната и илегалната имиграција.

Според француските медиуми, Геан за време на еден предизборен собир се изјаснил дека е против мултикултурализмот. Гаен истакна дека по неконтролир��ната имиграција, се случува некои Французи повеќе да не се чувствуваат како дома.

„Странците што сакаат да живеат во Франција мора да се интегрираат и ако сакаат трајно да останат во нашата земја и да добијат француско државјанство, мора да се асимилираат“, нагласи Гаен.

Гаен го критикиваше однесувањето на оние на кои, како што рече, местото не им е во Франција. Кога еден маж и' забранува на својата жена да излегува од својот дом или да зборува без одобрение, тогаш тоа не можеме да го прифатиме, изјави поранешниот генерален секретар на Елисејската палата.

На овој начин, министерот за внатрешни работи ја оправда неодамнешната одлука на француските власти за одбивање давање државјанство на еден Алжирец, бидејќи се изјаснил против рамноправност на половите.

Поради овие ставови, опозициската Социјалистичка партија (ПС) го критикуваше министерот.

Геан, кој со години е близок соработник на претседателот Никола Саркози, борбата против илегалната имиграција ја постави како централна тема на претседателските избори во 2012 година.




#
Статијата е прочитана 656 пати.

Испрати коментар

Од: todorka
Датум: 06.07.2011 13:23:36
Ziti majka Gaen! Ami eksperimentive shto gi seevtepo Blaknot? Leotar shushureshe ovde vo 2001 godina. Ni smenavte lichen opis nam i sega ke prodavate pufki. Ah, MME... koj prv pocna.

Најди! во Утрински
Свет
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Грчкиот пакет пред германски суд
И Холандија одговорна за Сребреница
Бегство од затвор во куфер
Германија – европски благајник
Атина станува „протекторат“ на ЕУ

"""