Сончеви колектори во „Видое Подгорец“
СТРУМИЦА - Во ОУ „Видое Подгорец“ од Колешино се поставени сончеви колектори што ги произведоа првите количини електрична енергија. Ова е прво училиште во регионот што доби систем од сончеви колектори со грант од програмата на УСАИД и средства од буџетот на општината Ново Село.
„Користењето алтернативна енергија е приоритет за сите европски фондации. Училиштето во Колешино е меѓу првите во државата и прво во регионот во кое се инсталирани сончеви колектори“, изјави директорката на училиштето, Валентина Попова. (Д.Р.) |