НЛО слета во Демир Хисар
Неидентификуван летечки предмет, најверојатно, сонда што била опремена со камера и со други уреди, завчера, во доцните часови, падна во приватен магацин во Демир Хисар, објави телевизијата Канал 5. МВР се' уште нема информација за леталото, иако, како што неофицијално се дознава, локалната полиција ги запленила неговите остатоци.
Од Армијата, од НАТО и од УХМР негираат дека какво било нивно летало се наоѓало во воздушниот простор над Демир Хисар или, пак, дека воопшто имаат таков вид сонда. (Д.Р.)
|