Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Пролет од понеделник

Во наредните денови времето одново ќе се стопли

Пролетното време се' уште не сака да си замине од Македонија. Неколкуте постудени денови уште денеска ќе бидат заменети со потопли, а дневните температури ќе пораснат за пет Целзиусови степени. Наредната недела повторно не' очекува пријатно време, па веќе в понеделник и во вторник температурата ќе достигне 19 Целзиусови степени.

Студениот бран што дојде од север донесе дожд во пониските места и снег на планините. Така, во Лазарополе беше формирана снежна покривка од 20 сантиметри. На Попова Шапка наврнаа 12 сантиметри, во Маврово 6 и на Кожув 2 сантиметра снег.

Во Македонија во наредните денови ќе имаме променливо, облачно и потопло време со сончеви периоди. На одделни места ќе биде значително облачно со повремен дожд и ќе дува умерен ветар, а во понеделник и засилен ветар од јужен правец. Од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија информираат дека и утринските температури ќе бидат позитивни и ќе се движат меѓу 2 и 10 степени.

„Утре живата во термометарот во текот на утринските часови ќе се движи меѓу 3 и 9 степени, а во текот на денот од 11 до 17 степени. В понеделник и во вторник дневните температури ќе се искачат за два степена, а минимална разлика ќе има во утринските температури. В среда дневната температура ќе се искачи до 18 степени, а в четврток до 16“, вели Душанка Танушевска, дежурна синоптичарка во УХМР.

За разлика од кај нас, зимата се' поупорно тропа на вратите во соседството. Во Хрватска веќе неколку дена снегот е присутен, и тоа во делови на Јадранот, додека во Црна Гора, во регионот на Жабљак, снежната прекривка достигна 33 сантиметри. Снегот направи проблем и во свероисточна Англија, каде што завчеравечер чартер-авион на британската туристичка компанија „Тимсон“ ја промашил пистата на аеродромот во Њукасл и завршил в поле. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 2741 пати.

Испрати коментар

Од: Simo
Датум: 27.11.2010 15:29:42
Ме мрзеше да тарашкам по архивата, немам време. Кој беше бе тој мајстор - метеоролог што уште во септември ни напиша дека ќе сме имале најстудена зима во Македонија од „кад је века и света“, со температури до -30... А пак „утрински“ го објави тој бисер.
Од: Komentator
Датум: 27.11.2010 17:15:00
More Simo...da mu se zablagodarime na Gospoda..barem toj seuste misli na nas ...tesko nas koga onoj crn gavol..toplifikacija ke ne ubeduva so smetkite deka non stop ne greela ...!!!
Од: Aleksandar
Датум: 28.11.2010 13:30:11
Prijatele dzabe ke taraskas po arhivata, zimata se uste ne e pristignata. Pocnuva na 21 Dekemvri. Pocekaj strpi se malce.

Најди! во Утрински
Македонија
Падините на Пелистер подготвени за скијање
Сончеви колектори во „Видое Подгорец“
НЛО слета во Демир Хисар
 


Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year
Croatia spends millions on improving transport network