Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Падините на Пелистер подготвени за скијање

По пет пропуштени сезони, ски-патеката Копанки е подготвена, а жичарницата е реконструирана


БИТОЛА - Подгответе се за скијање на Пелистер. По пет пропуштени сезони, конечно, ски-патеката Копанки е подготвена, а жичарницата е реконструирана. Единствено е неизвесно дали ќе се набави ратракот - тапкач за снег, кој чини 15 илјади евра. Скијачите велат, ако нема ратрак, тогаш нема ни скијање.

Планинарскиот клуб „Пелистер“ од Битола со поддршка на ЕЛЕМ, во изминатите пет месеци ги направи сите подготовки за повторна употреба на жичарницата, стара 35 години. На Копанки работници и стручни екипи од РЕК „Битола“ вчера ги финализираа работите околу стартувањето на жицарницата, која е долга 750 метри и во еден час може да превезе 500 скијачи. Истовремено, повеќе од 120 седишта се реновираат во фабриката за опрема и делови, „Фод“ од Битола, а овие денови се очекува и замена на старата носечка сајла со нова од Италија. Сајлата ќе ја стават во функција или Словенци или екипи од ски-центарот на Шар Планина.

Скијачката патека, целосно обрастена со дрвја и коров, во изминатите месеци етапно се расчистуваше и се рамнеше. Во акцијата беа вклучени и основци и средношколци од Битола. За прв пат патеката на потегот Копанки - Горна Ливада се прошири, во должина за 400 метри и во широчина, за 20 метри. На овој потег беа отстранети моликови стебла и елки.

Триесет илјади евра колку што чини обновувањето на сајлата и жичарницата обезбеди ЕЛЕМ, велат од Планинарскиот клуб.

И вчера, кога на Пелистер заврна првиот снег, багер ги пополнуваше дупките на скијачката зона, а волонтери, вљубеници во Пелистер ги бојадисуваа металните столбови високи и до 15 метри.

„Битолчани заслужуваат скијање. Во изминатите неколку години некој дозволи да се руинира жичарница и да се запостави скијачката патека. Тоа значеше и перманентна пропаст на сместувачките капацитети не само на планинарскиот дом Копанки, туку и на хотелот ‘Молика‘. Пропуштивме многу. Но, се надеваме дека повторно ќе го вратиме животот и скијањето на Копанки“, оценува Драган Ристевски, алпинист, член на претседателството на клубот „Пелистер“.

Покрај жичарницата, стручни екипи на РЕК „Битола“ го оспособуваат и ски-лифтот од Копанки до Горна Ливада, во должина од околу 500 метри. Се направи статичко порамнување на столбовите, а ќе се додадат и нови скијачки котви за влечење на скијачите.

„Ја испитавме целата електроника на жичарницата. Направени се и сливници, санирани се постројките“, изјави Добре Тековски, работник од РЕК „Битола“.

Веста за реконструкцијата на жичарницата и обновата на патеката за скијање љубителите на белиот спорт ја дочекаа со големо задоволство.

„Поради желба за скијање одев дури и во Грција, во Вигла, на Маврово, на Шара. Затоа што ситуацијата на Копанки беше очајна. Жалев поради тоа што битолчани не можеа да се рекреираат. А патеката на Пелистер е навистина одлична. Кога се' функционираше, во редици чекав за да се качам на жичарницата. И сега, ако нема добра организација и добро одржување на патеката и жичарницата, ништо нема да биде. Најважно е да се набави ратракот“, вели Петар Пешка, скијач и вљубеник во планината, кој вчера токму со жичарницата се искачи до планинарскиот дом Копанки.

Хотелот „Молика“ на Пелистер, сместен на 1.410 метри надморска височина, се наоѓа на само неколку десетици метри до патеката Копанки. По големото разочарување во изминатите пет години кога континуирано ги губеа гостите, сега се радуваат на промените и се надеваат дека хотелот ќе биде исполнет до последното легло во текот на целата зимска сезона.

„Очекуваме повеќе гости затоа што ќе има скијање. Во изминатите години се чувствувавме хендикепирани. Најголемиот дел од нашите гости за кусо време го напуштаа хотелот откако ќе видеа дека им нудиме само прошетки во природа“, нагласи Мирјана Митревска, директор на хотелот „Молика“ на Пелистер.

Уживањето и престојот во Молика оваа сезона ќе чини од 25 до 30 евра на ден. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1389 пати.

Испрати коментар

Од: valdez
Датум: 27.11.2010 12:19:55
Bravo za REK BItola. B Vakvi ubavi vesti ima mnogu retkovo vesnicite . Pozdrav do novinarot sto ne izvesti za ova.
Од: dr.bile
Датум: 27.11.2010 19:31:19
Konecno skijanje na Pelister!!!! Odlicno za Bitola i Bitolcani...Blagodarnost do ELEM

Најди! во Утрински
Македонија
Пролет од понеделник
Сончеви колектори во „Видое Подгорец“
НЛО слета во Демир Хисар
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom