Манијак или исламофоб без причина

Андерс Беринг Брејвик сакал христијанска војна за одбрана на Европа од муслиманска доминација
Исламофобијата достигна ниво на масовно убиство во Норвешка откако убиецот што го призна делото потврди дека се обидел да се справи со незаконското влегување на муслиманите во неговата земја и во Европа.
Бомбашкиот напад и пукањето од страна на Андерс Беринг Брејвик го сврти вниманието назад на несигурното приспособување на Европа на промената на популацијата. Според „Њујорк тајмс“, тој повикал на: „... христијанска војна за одбрана на Европа против заканата од муслиманска доминација... и неговите познајници го опишаа како Норвежанец вљубеник во оружјето, опседнат со она што тој го гледал како закана за мултикултурализмот и муслиманската имиграција“.
Томас Хеггамер, експерт за тероризам во Норвешкиот одбранбен истражувачки естаблишмент, за „Тајмс“ изјави дека манускриптот на Брејвик, сличен на големите декларации на Ал Каеда, вклучувал: „... детални информации за крстоносците, нагласено чувство на историска болка и повици за апокалиптичка војна за поразување на религиозниот и културен непријател“.
Но, и покрај стравувањата на Брејвик од културни промени, муслиманите денес сочинуваат само шест проценти од населението во регионот - и само три проценти од популацијата во Норвешка. Од нив, 34 проценти се емигранти, покажуваат податоците на големата студија спроведена од Форумот „Пју“ за религија и јавен живот, објавена во јануари.
Во неа се заклучува дека муслиманите ќе сочинуваат повеќе од една четвртина од населението на Земјата до 2030 година - но само осум проценти од населението во Европа и 6,5 проценти од популацијата во Норвешка. „Иднината на глобалната муслиманска популација“,за истражувањето ги анализираше статистичките податоци од ОН и пописниот материјал од повеќе од 200 земји и истражувања од 50 меѓународни демографи, користејќи ги информациите за наталитетот, морталитетот, имиграцијата и многу други работи.
Во Европа како целина, бројот на муслиманите во вкупното население се очекува да се зголеми за речиси една третина во следните 20 години... зголемувајќи се на 8 проценти во 2030 година. Во апсолутни бројки, муслиманското население во Европа е проектирано да расте од 44,1 милион во 2010 на 58,2 милиони во 2030 година.
Форумот „Пју“ сега работи на слични опсежни истражувања на популацијата за други религиозни групи. Меѓутоа, статистичките податоци не откриваат никакви податоци за признатите дела на Брејвик. Па кој тука знае точно што мислат норвешките христијански фундаменталисти? Дали таквите термини треба да бидат употребувани без дефиниција? Дали тој е терорист бидејќи е христијанин или христијанин што случајно е терорист, или ако тој е терорист, дали навистина може воопшто да биде и христијанин? И зарем тоа не е токму истите поенти што муслиманите ги прават за терористите што тврдат дека се исламисти? (УС тудеј) |