Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Брзите возови носат брза смрт

Сериозен удар врз амбициите на Кина за железничка мрежа по која ќе „летаат“ возови со 300 км на час

ПЕКИНГ – Сомнежите дека се опасни плановите на Кина за проширување на брзата железница низ земјата се потврди викендов по несреќата на брзиот воз во кој загинаа најмалку 36 лица. Министерот за железници, Шенг Гуангжу, им се извини на жртвите од саботната несреќа и на нивните семејства. Американската амбасада во Пекинг соопшти дека меѓу загинатите има и двајца американски државјани.

Возот удри во задниот дел од друг воз што запрел откако бил погоден од гром. Шест вагони беа исфрлени од колосекот, а четири паднаа од вијадуктот од висина 20-30 метри. Повеќе од 190 лица беа повредени. Ова е најкрвавата железничка несреќа во Кина од 2008 година.

Државната телевизија ЦЦТВ вчера објави дека едно двегодишно девојче било извлечено од еден од излетаните вагони 21 час по несреќата и врз него била изведена тричасовна операција. Уште се додава дека таа се здобила со повреди на нозете, бубрезите и белите дробови и сега се наоѓа на интензивна нега. Нејзините родители загинале во несреќата.

Министерството за железница и владини официјални лица не објаснија зошто вториот воз, наводно, не бил предупреден дека има застанат воз на неговата патека.

Несреќата е најнов удар врз амбициите на брзата железница во Кина. Дизајнирана да го истакне се' поголемото богатство и технолошката способност во земјата, националниот престиж што е прикачен на проектот за брза железница е еднаков со кинеската вселенска програма. Пекинг планира да ја прошири мрежата на брзи возови - која веќе е најголема во светот - за да ги поврзи оддалечените региони и, исто така, се обидува да ги продаде своите возови на Латинска Америка и на Блискиот Исток.

Во јуни со голема помпа ја пушти во сообраќај брзата линија Пекинг - Шангај, чии возови можат да се движат со брзина од 300 километри на час. Брзината беше намалена од првично планираните 350 километри на час по прашањата што се поставија во врска со безбедноста.

Официјалните планови бараат кинеската мрежа на брзи возови да се прошири на 13.000 километри пруги оваа година и 16.000 километри до 2020 година. Кинеските возови се базираат на јапонска, француска и германска технологија.

Во саботната несреќа беа инволвирани брзи возови од првата генерација, кои беа пуштени во сообраќај во 2007 година и постигнуваат брзина од 250 километри на час - побавни се од новите возови што ќе сообраќаат на линијата Пекинг - Шангај.

Во април 2008 година обичен воз што се движеше на релација од Пекинг кон источниот крајбрежен град Кингдао излета од шините и се удри во друг воз, при што загинаа 72 лица, а 416 беа повредени. (АП)


#
Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Манијак или исламофоб без причина
Собарката прозбори за Строс-Кан
Брејвик
Оружје и големо количество муниција
Евреи ќе го свират Вагнер
Тројца претседатели бараат дијалог во Албанија

"""