Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Тројца претседатели бараат дијалог во Албанија

Специјално за „Утрински весник“
Кенан Мимидиноски

 

Тирана - Актуелниот албански претседател, Бамир Топи, на заедничка средба со експретседателите Александер Мојсиу и Реџеп Мејдани, побараа од власта и од опозицијата да преземаат активности за воспоставување итен политички дијалог со цел да се надмине политичката криза во земјата, а со тоа и да се зачекори кон патот на европските интеграции.

Оваа порака доаѓа во момент кога по одлуката на Изборниот колегиум и Централната изборна комисија победникот за градоначалник на Тирана, Лулзим Баша, и официјално седна на градоначалничката фотелја. Опозицијата се' уште смета дека Баша со манипулации на институциите дошол на власт .

Топи, Мојсиу и Меидани укажуваат и на барањето на ОБСЕ и другите европски структури дека без дијалог нема да има напредок, односно политичкиот инает многу ќе ја чини Албанија.

Лидерот на десницата и актуелен премиер, Сали Бериша, по завршувањето на изборниот процес, оцени дека сега кога е и Тирана на Демократската партија, опозицијата предводена од социјалистите треба да сфатат дека треба да се почитува гласот на народот.

Но, лидерот на опозицијата, Еди Рама, и натаму на средбите со меѓународните претставници укажува дека локалните избори биле манипулирани онака како што тоа се случило и за време на парламантерните избори пред две години.

Опозицијата преговара со меѓународниот фактор проблемот околу резултатите да биде на експертиза и во Венециската експертска меѓународна комисија.

Поради бојкотот на опозицијата, парламентот на Албанија не може да донесува клучни закони бидејќи власта нема двотретинско пратеничко мнозинство. Во една ваква состојба, реформите тешко дека може да се спроведуваат, но претставуваат закана и за странските инвестиции, оценуваат овдешните аналитичари.


#
Статијата е прочитана 501 пати.

Испрати коментар

Од: dedo dimo
Датум: 26.07.2011 05:28:56
Samo vo BALKANSKIVE zemjie sve mozno..Jas da sum kako EUnieden od ovie drzavi nema da postani delna EU.OD Grcija pa se do HRVATSKA e KRIMINAL

Најди! во Утрински
Свет
Брзите возови носат брза смрт
Манијак или исламофоб без причина
Собарката прозбори за Строс-Кан
Брејвик
Оружје и големо количество муниција
Евреи ќе го свират Вагнер

"""