Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

И Карла дел Понте пред Судот во Хаг

Лондон -  Судиите на Меѓународниот суд за воени злосторства на просторите на поранешна Југославија наложија отворање независна истрага против поранешната обвинителка на Трибуналот, Карла дел Понте, и актуелните обвинители Хилдегард Урц-Реклаф и Даниела Саксона, за тоа дека наводно насилнички се однесувале кон некои од сведоците.

Според лондонски „Гардијан“, трите обвинителки ќе бидат сослушувани за да се утврди дали навистина дозволувале заканување и поткупување кон луѓето што биле повикувани како сведоци и дека собирањето на доказите било вршено на незаконски и недозволен начин.

Одлуката на Хашкиот суд доаѓа по жалбите на дел од поранешните сведоци, за тоа дека луѓето од истрагата на обвинителството биле вознемирувани во текот на постапкта, изложени на насилнички методи, како и поткупувани. Некои сведоци уште и тврдат дека обезбедените докази биле незаконски менувани.

Ова е првпат во 17-годишното дејствување на овој меѓународен суд обвинителите да се соочат со обвинување за непочитување на Трибуналот. Лондонскиот весник тврди дека обвинувањата против Карла дел Понте се однесуваат на судењето на Воислав Шешељ, познат господар на војната во Босна и Херцеговина, а посебно на однесувањето на нејзината екипа истражители, кои во текот на судскиот процес, наводно, врз сведоците бил вршен притисок и имало заканување дека би можело да се случи и самите да бидат обвинети.

На еден сведок од Србија му е нудено работно место во САД, а на други им е нуден живот на друго место за да прифатат да се појават на судот како сведоци. Независната истрага, најверојатно, ќе ја води еден француски судија, а се очекува таа да трае барем половина година, додава „Гардијан“.


#
Статијата е прочитана 613 пати.

Испрати коментар

Од: vvv
Датум: 20.08.2010 13:05:07
Se sto pravese, ako ima praveden sud sega ke i se vrati. Ne moze site da bidat krivi za se, a nieden Musliman ili Albanecv da ne e vinoven za nisto. Setete se samo na slucaite "Mavrovski rabotnici,hotelot Brioni,masakrot kaj Vejce".Nikoj do den denes ne odgovarase za toa. Isto i vo drugite zemji, Srbite bea krivi za se.

Најди! во Утрински
Свет
Франција депортираше 93 Роми во Романија
Збогум, Ирак
Kрај на наркотуризмот во Холандија?
Американска војска дојде на границата
Главаш остана без ордени