Американска војска дојде на границата
МЕКСИКО - Припадници на американската Национална гарда се распоредени покрај јужната граница на земјата, меѓу државите Калифорнија и Мексико. Тие се прва група од над 1.000 војници за кои претседателот Барак Обама одобри да ја зајакнат безбедноста на границата.
Во Америка има околу 12 милиони луѓе што престојуваат илегално и повеќето ја минале јужната граница од Мексико. Имиграцијата стана централно прашање пред изборите во ноември. (Би-Би-Си)
|