Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Збогум, Ирак

„Крајот на ирачката војна е тука“, известија американските медиуми во средата

Седум и пол години од почетокот на војната борбените единици на американската војска го напуштија Ирак. Вo земјата остануваат околу 50.000 војници, кои треба да вршат обука на ирачката армија.

„Крајот на ирачката војна е тука“, јавија во средата американските медиуми повикувајќи се на своите репортери од регионот. Но, министерството за надворешни работи противречи: војната официјално ќе заврши на 31 август, онака како што претседателот Барак Обама најави пред повеќе месеци. Сепак и од министерството за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си проговорија за крај на операцијата „Ираки фридом“ и за „историски момент“, додека истовремено околу 20.000 американски војници го напуштаа Ирак во правец на Кувајт.

Според агенцијата Асошијетед прес, американските војници сами барале да го напуштат Ирак по ризичниот копнен пат, а не да бидат извлечени со воени хеликоптери. Војниците со кренати глави сакале пред новинарите да му стават крај на оспоруваниот воен напад, кој започна на 20 март 2003 година.

„Претходно мислиш дека овде доаѓаш како возрасен маж. Но, тогаш сфаќаш колку те менува оваа војна “, сеќавајќи се говори еден војник, напуштајќи го Ирак. Неговата сопруга не знаеше дека тој за неколку денa ќе се врати дома:

„Не, не знаев, иако пред неколку денови зборувавме по телефон,“ изјави таа за телевизијата Си-Ен-Ен.

Имено, повлекувањето на американските борбени трупи од Ирак се случува неколку дена порано од очекуваното.

До 31 август ќе заврши борбената мисија во Ирак, се цитираше самиот американскиот претседател Барак Обама, неодамна пред насобраните ветерани.

„Тоа е токму она што ќе го направиме, и тоа навреме“.

Со повлекување на борбените единици од Ирак, претседателот Барак Обама исполнува едно од своите најважни надворешно-политички ветувања од претседателската кампања. Ирачката војна одговорно да биде завршена. Истовремено со навременото исполнување на своето ветување, Обама испраќа важен сигнал до избирачите пред претстојните избори за Конгресот.

„На крајот на август ќе вратиме 90 илјади војници дома“, рече претседателот. По официјалното завршување на ирачката војна, во земјата ќе останат уште 56.000 американски војници - официјално за обука на ирачката армија, де факто, во случај на потреба, доколку се разгорат борбите со бунтовниците, да можат веднаш да реагираат. Последниот американски војник треба да го напушти Ирак на 1 декември 2011 година.

Инаку, со 535 претежно цивилни жртви, последниот месец беше најсмртоносниот во последните две години. Пет месеци по изборите, се' уште не е формирана ниту функционална ирачка влада. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 20.08.2010 13:21:51
Каква помпа за ништо? Го напуштале Ирак? Ама ќе останеле 56 000 војници до крајот на 2011???? Да види човек, да не верува? А напишете колку илјади барели нафта дневно се црпи од Ирак, сите овие години додека се Јенките таму? И во чие конто одат парите? И колку историски вредности се украдени од Иракпосле влезот на американските и англиските трупи?

Најди! во Утрински
Свет
Франција депортираше 93 Роми во Романија
И Карла дел Понте пред Судот во Хаг
Kрај на наркотуризмот во Холандија?
Американска војска дојде на границата
Главаш остана без ордени