Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Награден документарниот филм „Галичка свадба“
во Нови Сад

Документарниот филм „Галичка свадба“, во продукција на Телевизија МТМ од Скопје, освои втора награда во категоријата филм на 12. Меѓународен фестивал за фотографија и филм „Пауново перо”, што се одржа на 28-ми и 29 август во местото Госпоѓинци во Нови Сад.

Филмот е снимен по сценарио и режија на Гордана Андреевска и камера и монтажа на Марјан Стојнев.

Втората награда, „Сребрено пауново перо“, филмот ја доби според оценката на стручното жири, а награда за најдобар филм на фестивалот според оценката на организаторите на Фестивалот.

Годинава во категоријата филм се претставија автори на 122 дела и пристигнаа 418 фотографиии, темите на фестивалот беа „Фолклор“ и „Лето“, а беа доделени „Златно“, „Сребрено“ и „Бронзено пауново перо“ во двете категории.

Документарниот филм „Галичка свадба“ е снимен на Петровден во 2008 година и е меѓу најуспешните телевизиски прикази на етнолошкото културно богатство и традиција во Галичник. Филмот ги следи обичаите и ритуалите на свадбата во Галичник, на која учесниците ја носат надалеку познатата галичка носија, изработена со филигранска прецизност на терзијата, го изведуваат Тешкото, Невстинското… Ритуалите на свадбата се изведуваат во два дена, а пред половина век таа траела и по седум дена. (К.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 176 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Џузепе Торнаторе го отвора Венецискиот фестивал
„Битола - отворен град“ заврши во еуфорична атмосфера
Прилепскиот театар во културен поход низ Македонија
Изложба во КИЦ по повод 70 години од почетокот на Втората светска војна