Изложба во КИЦ по повод 70 години од почетокот на Втората светска војна
Во организација на Амбасадата на Полска и Културно-информативниот центар, вечерва во просториите на КИЦ, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата по повод одбележувањето на 70 години од почетокот на Втората светска војна и 65 години од востанието во Варшава. Изложбата опфаќа неколку клучни моменти од историјата на Полска и тоа: агресијата на Нацистичка Германија и Советска Русија врз Полска, Втората светска војна и бунтот во Варшава. (Н.П.) |