Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

„Битола - отворен град“ заврши во еуфорична атмосфера

Фестивалската програма понуди висок квалитет и продефилираа околу 100 уметници и учесници од повеќе земји

 

Со спектакуларен концерт на Олимпискиот базен во Битола на големата балканска музичка атракција „Ван Гог“ во присуство на 5.000 фанови од целата земја синоќа во еуфорична атмосфера заврши фестивалот „Битола - отворен град“ во организација на Младинскиот културен центар Битола. Како ретко кој бенд во последните години „Ван Гог“ повторно ја анимираа Битола на музичката сцена, со што нивниот голем концерт во рамките на фестивалот „Битола - отворен град 2009“ организаторите го вброија во музички настан број еден во Битола за ова лето.

„Кога во 2002 година го реализиравме првото издание на манифестацијата не очекувавме дека на минатогодишното и ова лето ќе донесеме гости од рангот на овие кои сега се веќе препознатлив знак за квалитетот на фестивалот. Задоволство ми е што Фестивалот е завршница на битолско културно лето „Битфест“ и што ја има поддршката на општина“, вели Сашо Додовски, директор на МКЦ - Битола.

Фестивалската програма со оглед на високиот квалитет и културната програма во која продефилираа околу 100 уметници и учесници од повеќе од десет земји, ја доби и поддршката на локалната самоуправа. „Ме прави среќен тоа што годинава МКЦ предложи една прекрасна програма и со задоволство ја прифативме. Со МКЦ најдовме заеднички јазик, за на нашите граѓани да им понудиме нешто навистина интересно“, изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Во рамките на осмото издание на интернационалниот младински арт-фестивал Битола отворен град 2009 од 26 до 29 август на повеќе локации во градот се одржаа концерти на групи од земјата и странство, отворени улични журки, изложби, перформанси, театарски претстави и работилници, а фестивалот традиционално заврши со голем музички настан во соработка со „Фреш унион“, овој пат со спектакуларен концерт на големата балканска музичка атракција „Ван Гог“ на Олимпискиот базен во Битола, но и со настап на еден од најпопуларните диџеи на светот Хенри Саиз од Шпанија. Тој по големата турнеја во Австралија и Мексико, премиерно дојде во Македонија, по што во септември ќе настапува во Мадрид со еден од најпознатите диџеи на светот Карл Кокс. (Н.П.)

 


#
Статијата е прочитана 251 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Џузепе Торнаторе го отвора Венецискиот фестивал
Прилепскиот театар во културен поход низ Македонија
Изложба во КИЦ по повод 70 години од почетокот на Втората светска војна
Награден документарниот филм „Галичка свадба“ во Нови Сад