Број 3360  вторник, 17 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Дијаспората сака и уставно име и ЕУ

Милошоски ги повикува САД да лобираат за Македонија

Да се зачуваат уставното име и идентитетот на Македонија, а воедно да се напредува за влез во НАТО и во ЕУ, преферираат од Обединетата македонска дијаспора (ОМД), организација на иселеници во САД.

„Ние не сме дел од кампањата за прекинување на преговорите со Грција, но го поддржуваме тој став. Треба да се зачуваат уставното име и идентитетот“, изјави Мето Колоски, претседател на ОМД, за време на посетата на Македонија. Тој со себе води 18 советници на американски конгресмени и 13 невладини претставници од Турција.

Колоски притоа повика да се прекинат преговори��е и да се почне постапка во рамките на ОН за менување на Резолуцијата 817 во делот за името за отстранување на референцата БЈРМ.

Тридневната посета на делегацијата е целосно финансирана и спонзорирана од Турската коалиција на Америка, со која ОМД има стратегиско партнерство.

Линкен Мек Керди, претседател на Турската коалиција, вели дека во САД нема доволно познавање за Македонија и Турција, а во споредба со македонското и турското лоби, грчкото и ерменското се многу повлијателни.

„Во САД не се доволно запознати со Македонија и Турција и лоби-грубите не се доволно организирани наспроти силното лобирање на Американците со грчко и ерменско потекло. Затоа кај Американците постои наклонетост кон грчките и ерменските ставови за историјата“, изјави Мек Керди. Прашан за името, Мек Керди вели дека не е доволно мудар да даде совет, но смета дека е потребно што повеќе луѓе да се запознаат со македонската вистина за спорот, во што може да помогнат и помагаат иселеничките организации на Македонците. На тој начин, додава тој, ќе се создаде атмосфера за решавање на проблемот.

„САД можат само да ги охрабрат Грците и Македонците да го решат проблемот и да одат напред оти и двете земји имаат свои проблеми, со кои се соочуваат и треба да ги надминат“, рече Мек Керди.

Делегацијата имаше средба со министерот Милошоски на која тој ги поздравил добрите пријателски односи меѓу Македонија и САД, кои, според него, ги карактеризира висока соработка и меѓусебно разбирање, континуиран политички дијалог и стратегиско партнерство во рамките на меѓународните мировни мисии. Притоа, го искажал и очекувањето за уште позасилена поддршка во претстојниот период и отворено лобирање од САД, вклучително и од претставниците на американскиот Конгрес, во рамките на Алијансата, за што поскоро ефектуирање на поканата за членство на Македонија во НАТО на Самитот во Лисабон во ноември 2010 година. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1747 пати.

Испрати коментар

Од: Sudija na vrhovniot sud
Датум: 17.08.2010 00:37:49
Treba na sovetnicite da im se kazhe deka Plan B podrazbira baranje sovetodavnoto mislenje od MSP za zakonitosta na referencata PJRM i pregovorite za imeto.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.08.2010 04:51:52
Дали може и Солун да го добиеме.Добро би било...Милошовски да размисли...
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 17.08.2010 05:40:33
Mnogu od kongresmenite i senatorite vo SAD se vekje dobro zapoznaeni so Makedonskoto prashanje. Problemot e vo toa shto vo momentov na vlast e garnitura vo koja Grcite vo SAD imaat tradicionalno silno vlijanie. I pokraj toa, vlijanito na Grchkoto lobi e ogranicheno samo na nekakvi fiktivni rezolucii vo prestavnichkiot dom, koi nemaat nikakvo pravno dejstvo. Nadvoreshanta politika se ushte e vodena od Stejt Departmentot i taa se formira vo kontinuitet so nekolku deneceniisko planiranje vo idninata, nezavsino od toa koj e na vlast. Podrshkata za Makedonija se ushte postoi no vo momentov e tivka i e vo vtor plan poradi razbirlivi (vnatreshni) prichini na samite SAD. Izborite vo Noemvri se ochekuva da donesat poizbalansiran sostav na kongresot pa Grchkoto lobi proporcionalno kje se namali. Turcija e luta poradi Ermenskata rezolucija vo kongresot, no povtorno, taa nema nikakvo pravno dejstvo, i po nejzinoto donesuvanje,za nea vekje nikoj ne zboruva.
Од: pameten
Датум: 17.08.2010 06:02:00
Povrzuvanjeto so Turcija ne e dobra idea. EU ne mozhe da integrira Turcija so nejzinite 70 milioni gragjani i da ostane istata. Za Balkanskite drzhavi, posebno za Makedonija slobodnoto dvizhenje na Turci e najgolema zagroza. Samo 500 iljadi da se doselat kaj nas (a kaj niv ima sigurno povekje potemci na Turci iseleni od Makedonija) i stanuvame musulmanska drzhava. Deneshnata Turska Vlada ne se otkazhala od (neo)osmanizmot. Sporot za imeto kje bide detska igra ako se najeme vo sistem bez granici so Turcija. Kje im uspee ovo shto za malce ne im uspea vo pochetokot na 20 vek.
Од: od dijaspora
Датум: 17.08.2010 07:11:52
ne gi slushajte tie od dijaspora,tie si nashle rabota vo stranstvo i sega ne mislat za siromashtijata vo mk.
Од: Не само дијаспората, туку сите Македонци
Датум: 17.08.2010 07:37:14
Дијаспората сакала и уставно име и ЕУ. Е, па и јас го сакам истото. А Вие?
Од: забеган.
Датум: 17.08.2010 07:45:40
Мењам и име и презиме само да имам да јадам.Заеби Лажен патриотизам на тие што имат се па дури и по три плати.
Од: СОЛУН НЕ Е ГРЧКИ ГРАД
Датум: 17.08.2010 07:55:07
Mekkeрди рече дека Солун пред 95г беше македонскотурскоеврејски град. А Кавала Кукуш Пела на Александар Воде�� Лерин Костур ниту еден Грк. Првите се доселени од Мала Азија и Кавказ и тие сега велат дека се наследници на Александар. Од 1990 доагаат Украинци Руси за малку и тие ке бидат. А Александар е само маска и фалсификат на Грција како објаснува Лотар во Мак. јазол. Значи проблемот е од 1913 кога Грција анектира пола Макед со само 8% Грци внатре. Од каде Македонија грчка. Кој се враќа 3000 г во историја. Треба Гр да одговара и плаќа.
Од: Babini devetini
Датум: 17.08.2010 09:19:49
Srbite za vakvi raboti kazuvaat: "Trala baba lan da joj prodje dan"
Од: Germanec
Датум: 17.08.2010 09:25:04
Ovo nema nikogash da se sluchi!
Од: Ерменец
Датум: 17.08.2010 09:28:35
Зошто се појаки ерменското и грчкото лоби во САД, затоа што прво е многу побројно, поорганизирано, подобро етаблирано. Додека македонците се подвоени по основа од кој крај на Македонија потекнуваат, раскарани околу црквата, во која што наместо духовните , преовладуваат матерјалните прашања. Актуелната власт уште повеќе го подгрева ова на делбите на антички, словенски и незнам какви. Македонската дијаспора е само патриотска организација, ниту еден зелен долар немаат вложено во татковината, за разлика од Ерменија која предвидува раст од 4 до 4,5% во оваа година во услови на блокади од страна на Турција и Азеберџан, со која нема никакви сувоземни конекции и затворени граници. Каде е тогаш проблемот? Ерменските организации работат на образование, фондациите доделуваат неповратна помош на студентите и уметниците итн. Знаете ли дека семејтвото на музичарите Тавитјан, кои со гордост ја промовираат македонската култура пред некое време имаше концерт во Ереван и ги прими премиерот на Ерменија.
Од: Јован
Датум: 17.08.2010 10:14:44
А Колоски сака добра визит карта и блада со глупости пред македонскиот народ... А бе сешто!
Од: 3G
Датум: 17.08.2010 11:21:24
Ako ima hrabrost sdsm neka kaze deka e za promena na imeto a ne da pelteci i bezobrazno da kodosi deka DPMNE e protiv pregovori, kompromis i protiv zapadot. Inaku i Mejgor mu sugerira na Kamerun deka Turcija ne treba da bide clenka tuku samo so specijalen status bidejki e muslimanska zemja. No vo Makedonija neoosmanlizmot se sproveduva i bez toa bidejki so podarokot od Crvenkovski sega raste turskata kolonijalna imperija-zasega vo Skopje. Inaku jas se zalagav i se zalozuvam za slobodna suverena i neutralna Makedonija kako sto e Svajcarija no za zal toa se izvitoperuva vo antimakedonizam i ruiniranje na makedonskata drzava so mehanicko preslikuvanje i potenciranje na etnickata karta na Svajcarija sto ne treba da bide bidejki site svajcarski etnosi si imaat domicilni drzavi a Makedonija treba da bide normalna kako i site evropski drzavi a ne nekakov Frankestajn. Patem i Mejgor zali sto VBritanija ne moze da bide nadvor od EU a so specijalen status.
Од: РОМПЛУС
Датум: 17.08.2010 11:39:47
Ги прашувам национал - патриотите од дијаспората. Еве да рецеме грција, бугарија и Албанија се согласија да ја вратат територијата која им е дадена со Букурештанскиот договор од 1913 год. Прашањето е на кого да ја вратат таа територија. Македонија како држава е од АСНОМ наваму. Недај боже да ја вратат територијата на оние кои во тоа време тука имале држава. Дали на тоа малку размислувате. Со прелогот на дијаспората јас лично би се сложил под услов да вложат тие национал - патриоти и душебрижници од дијаспората,инвестиции во отварање на најмалку 50.000 работни места во Македонија Они добро си се обезбедиле во странство и сега од таму овој пат дојдоа на одмор на туѓ трошок и тука се прават паметни пред гладни граѓани.
Од: zapev
Датум: 17.08.2010 11:53:23
nee tocno nie od zapev mislime pridavka nisto ne menuva i ne ni preci samo da vlezeme vo eu tie od avstralija i kanada vrska nemat sto e eu i blagosostojba vo eu sakame eu da moze da ziveeme vo mak bez strav.
Од: ezo
Датум: 17.08.2010 13:12:11
ovoj mitre od dolno ili gorno dupeni pa nema nikakov stav za nisto ko tatko crvenkoski da mu e samo da kritikuva bez veza nesto a i site od sdsm ne znaat so svojot mozok da razmisla dali e nesto dobro ili ne samo da se slusa vodacot na partijata
Од: ad makednka vo u.s.a.
Датум: 17.08.2010 13:35:48
do ermenec vo dijasporata se raskarani poradi crkvite crkvite gi raskara svestenicite i vladicite a kazimi zosto vo makedonija se raskarani za gnasnata politika sto e vodat
Од: Goce nikoloski
Датум: 17.08.2010 15:20:58
Najnormalna rabota samo predavnik i skapana dusa nema da se soglasi so toa.
Од: Струмица
Датум: 17.08.2010 15:22:51
@ Ерменец, да во првао си само што Ерменците си остана Ерменци, а ние што сакаме да се правиме антички и што се правиме нешто различно од Гоце, Даме, Сарафов, Узунов, Александорв и Михајлов...ќе имаме тоа што сега го имаме...

Најди! во Утрински
На прво место
Охрид домаќин на регионална обука за млади лидери
Кошничката полна само статистички