Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

„Битолски Монмартр“ на вересија

„Не смееме да дозволиме да пропадне поради немање пари“, вели Коста Хаџиантоновски

Битола - „Малиот битолски Монмартр“ уште еднаш широко ги отвори вратите за младите ликовни творци од светот на почетокот на 29. издание на оваа ликовна манифестација. Годинава посебен гостин на Монмартр ќе биде 16-годишната Дејана Бачко од Нови Сад, која поради недостаток на горни екстремитети, црта со нозе. Таа ќе другарува и ќе ги претстави своите оригинални ликовни творби во Битола. Но, не само економската криза туку и политиката уште повеќе го стегнаа обрачот околу оваа значајна ликовна колонија, па само четири дена пред почетокот организаторите се пожалија дека сметката им е сосема празна. Ветените 4 илјади евра од Министерството за култура се' уште не стасале, а Општина Битола веќе трета година не издвојува ниту денар за оваа светски етаблирана манифестација за која со радост се прикажува и се пишува дури и во далечните Кина и Хонг Конг.

„Не мешајте ја политиката во „Малиот битолски Монмартр“. Политичарите да си ја гледаат својата работа, а нас да не остават намира. Кај нас политика е четката, бојата и другарувањето“, вели Коста Хаџиантоновски, творец на Малиот битолски Монмартр.

Годинава, финансиската конструкција за оваа манифестација ќе се обидат да ја затворат со спонзорства. „Не смееме да дозволиме фестивалот да ни пропадне поради немање пари, затоа што со тоа ќе пропаднат и 29 години работа и традиција. Општина Битола три години и' нема доделено средства за нашата колонија. Фестивалот го почнуваме на вересија. И она што ни го ветија од Министерство не е доволно. Имаме 600 пансиони по 25 евра за сместување на децата“, вели Хаџиантоновски.

Тој го повика битолскиот Совет да даде поддршка за опстанок на манифестацијата.

На годинешниот ликовен фестивал во Битола ќе учествуваат 50-ина деца од 30 земји од светот . Според организаторите, првите гости ги очекуваат в сабота кога во Битола пристигаат годинешните добитници на Гран-при наградата – учениците од уметничкото училиште од Трабзон, Турција, како и гостите од Хонг Конг, Кина, Унгарија, Украина, Белорусија, Романија, Бугарија, Чешка и др. В недела ќе биде отворена и ликовната изложба „Битола 2010“ на која поради ограничениот простор во галеријата „Магаза“, место избраните 1.200, ќе бидат презентирани само 600 детски творби што пристигнаа на конкурсот. Учесниците на „Малиот битолски Монмартр“ освен во Битола, ќе творат и на ликовните каравани во Охрид и во Крушево. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 401 пати.

Испрати коментар

Од: за „Малиот Битолски МонМартр“
Датум: 22.05.2010 02:55:38
почит кон сите деца-уметници и раководителот Коста ХаџиАнтоновски...кој рече дека “ТОШЕ има само ден на раѓање...“ ...верувам дека Министерството за Култура на РМ и Градот Битола ќе најдат средства да се продолжи оваа традиција... ПС : оваа година, на гости ни е и Dejana Bačko од Војводина...која слика со своите ноѕе !
Од: Текнувало
Датум: 22.05.2010 10:28:05
А градоначалникот само се СЛИКА, СЛИКА, СЛИКА...

Најди! во Утрински
Култура
Колекцијата на „Тејт“ е неверојатен систем на вредности
Мајк Ли и Ли Чанг-Донг фаворити на критиката
Сергеј Андреевски со перформанс во Тунис
Александар Донски за античките Македонци