Сергеј Андреевски со перформанс во Тунис
Сергеј Андреевски учествува на осмата изложба „Уметничка пролет на Ла Марса“ во Тунис, што вчера беше свечено отворена. Ова е најголема ликовна манифестација на актуелната уметност на Тунис каде што годинава учествуваат 170 уметници, меѓу кои и десетина гости од странство.
Андреевски гостува по покана на реномираната уметница (првата жена-скулптор во историјата на Тунис) - Назет Гриси и тој ќе ја има честа да учествува на отворањето на манифестацијата со перформанс наречен „Фасциниран од синото“ во палатата Абдеила во градот Ла Марса што се наоѓа до главниот град Тунис, а во непосредно соседство на историските Картагина и Сиди Бусаид. (Н.П.) |