Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Експертите советуваат

Никаде без заштитен фактор 30

Препораките за употреба на кремови за сончање со минимум заштитен фактор 15 бараат ургентно преиспитување, бидејќи тие не покажуваат како лосионите, всушност, се употребуваат и „не се во интерес на јавното здравје“.

Во весникот и едиторијалот објавени неодамна во Билтен за лекарства и терапии (ДТБ), во кој тим лекари ги ревидира медицинските третмани, се заклучува дека кремовите ��а сончање со заштитен фактор 15 нудат целодневна заштита само ако од нив се нанесе дебел слој. „Во реалноста луѓето што користат кремови за сончање вообичаено нанесуваат многу помалку од ова и добиваат не повеќе од половина, во најдобар случај, од заштитата што е посочена со наведениот заштитен фактор“, предупредуваат лекарите.

Националниот институт за здравје и клиничко лекување (НИЦЕ) во јануари објави водич за тоа што треба да користат од луѓето големиот спектар на кремови за сончање, кои штитат од УВА и УВБ радијација. Тие треба да го нанесат кремот за сончање со заштитен фактор од најмалку 15 во дебелина од 2 мг/см2. Ако се следат овие препораки и ако се нанесува крем најмалку на секои два часа како што се препорачува, тоа би значело употреба на околу 35 милилитри за едно нанесување, заклучува весникот. На одмор на плажа, ова може да се спореди со тоа што една личност ќе употреби речиси три пакувања кремови за една недела. „Според наше мислење, НИЦЕ советува дека употребата на лосиони за сончање не е во интерес на јавното здравје“, пишуваат лекарите.

Нивното ревидирање на доказите сугерира дека на нивоата што вообичаено се нанесуваат - меѓу 0,5 и 1,5 мг/см2 - крем за сончање со максимален заштитен фактор 50 ќе даде заштита помала од оној со фактор 20. Лекарите препорачуваат дека производите што се означени со заштитен фактор 30 заедно со рејтингот со четири или пет ѕвездички што индицира поголема ултравиолетова заштита ќе обезбедат соодветна заштита и ќе спречат изгореници од сонце во повеќе случаи.

Постојат два значајни типа ултравиолетови зраци што ја оштетуваат кожата. УВБ е одговорен за повеќето изгореници и може да предизвика рак на кожата. УВА пенетрира подлабоко. Тој ја старее кожата, меѓутоа, многу помалку придонесува за изгореници на кожата.

СПФ (заштитниот фактор) се однесува на количината на заштита од УВБ. Во Британија лосионите за сончање, исто така, честопати имаат и рејтинг со ѕвездички, што ја вклучува и УВА заштита. Повеќе ѕвездички значи поголема УВА заштита. Но, експертите предупредуваат дека производите со пет ѕвездички, а со помал СПФ, како заштитен фактор 15, може да обезбедат помала УВА заштита отколку производ со три ѕвездички, а со поголем СПФ, како заштитен фактор 30.

Ајк Ихеначо, уредник на билтенот, вели: „Според наше мислење, препораките на НИЦЕ да се употребуваат кремови за сончање со заштитен фактор најмалку 15 е грешка што го игнорира клучниот доказ. Овој совет треба ургентно да се ревидира и коригира“.

Професорот Мајк Кели, директор на Центарот за јавно здравје во НИЦЕ, вели дека препораката не е процена за тоа кој заштитен фактор е оптимален „туку повеќе е загрижен околу најефикасните начини за редуцирање на ракот на кожата во Англија, преку обезбедување информација, понуда на ресурси и промена на физичката средина“.

Тој вели дека експертскиот извештај е направен за спречување рак на кожата во Англија, што сугерира дека „СПФ 15 би бил доволен се' додека адекватно се нанесува. Меѓутоа, препораката, исто така, признава дека треба да се земе предвид тоа што луѓето не нанесуваат доволни количини од заштитните кремови, па СПФ 30, исто така, се препорачува во експертскиот наод“, додава тој.

Според Британскиот центар за истражување на ракот, бројката на заболени од малигна малома тројно се зголеми меѓу оние на возраст од 15 до 34 години од крајот на 70-тите години. Сојузот за медицинска заштита што ги осигурува лекарите, исто така, излегле со предупредување да бидат подготвени за оваа болест. (Тајмс)

Препораки...

Нанесете фактор 30 на сите изложени делови, вклучувајќи ги ушите и надлактиците.

Обрнете особено внимание на ранливите области, како што се носот, рамената, горниот дел од стапалото и вратот.

Подеднакво нанесете заштитен крем за сончање.

Повторно нанесете крем за сончање по пливање или по обилно потење.

Не користете крем за сончање за да го продолжите времето поминато на сонце.

Ако имате светол тен, петнаесетина минути два-три пати во неделата изложувајте се на сонце без употреба на заштитен крем за да осигурите дека адекватни залихи на витамин Д ќе се произведат во кожата; оние со потемен тен имаат потреба од подолго време. Витаминот Д од сончевата светлина помага за одржување цврсти коски и се поврзува со заштитата од некои типови рак.

...и митови

Не можам да се здобијам со сериозно оштетување на кожата од сонце - не е доволно топло

Погрешно. Повеќето луѓе ги поврзуваат изгорениците за сонце со нешто шт�� се случува само на одмор и во топли сончеви места. Меѓутоа, повеќето случаи на изгореници од сонце се случуваат дома и кога луѓето се во движење наместо кога се сончаат. Може да следите спортски натпревар, да работите во градината, да шетате низ градот или, едноставно, да седите во парк.

Тенот постигнат во солариум ве штити од сонце

Не. Тенот постигнат во солариум ја менува бојата во вашата кожа, давајќи и' исончан изглед. Но, ни одблизу не ви ја дава потребната заштита. Во најдобар случај, ваквиот тен ќе ви даде иста заштита како крем за сончање со СПФ 4.

Деловите од телото покриени со облека се заштитени

Не секогаш. Кога некоја облека ќе се натопи, таа се припива за телото и дозволува повеќе ултравиолетови зраци да дојдат до вашата кожа. Ова е особено проблем за памучната облека. Влажна памучна маичка може да понуди само половина од заштитата што ја дава сувата маичка.


#
Статијата е прочитана 1032 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Хрватската ѕвезда - бремена!
Нова стратегија во културата
Крем со боровинки и ликер

"""