Северина
Хрватската ѕвезда - бремена!
Менаџерот на хрватската ѕвезда Северина, Томица Петровиќ, открил за српскиот печат дека ѕвездата е во блажена состојба. Северина, пак, за хрватскиот печат признала дека ужива во бременоста.
Триесет и деветгодишната пејачка Северина и српскиот бизнисмен Милан Петровиќ го чекаат своето прво дете.
Во последно време, Северина на прашањата за бременост одговарала неодредено. „Тоа ми е супер, се' се буди, се будат исток и запад“, низ насмевка одговорила во едно неодамнешно интервју.
Северина и Милан Петровиќ се во врска од декември минатата година, а во април откриле дека се свршиле. „Многу се сакаме и многу сме вљубени. Тој е личноста со која ќе го минам остатокот од животот“, рекла Северина по свршувачката. |