Најголем скок на Волстрит годинава
Њујорк - Акциите на Волстрит вчера забележаа најголем раст во 2009 година, со зголемување на индексот „Стандард и Пурс 500“ за 4,6 отсто откако банката Ситигруп соопшти дека има најдобар квартал од 2007 година. Акциите на Ситигруп поскапеа за 38 проценти откако е соопштено дека банката имала добивка во првите два месеца од оваа година, откако пет квартали едноподруго нижеше загуби. Акциите на Џеј Пи Морган Чејс скокнаа за 23 отсто, а на Бенк оф Америка за 28 проценти откако ФЕД повика на темелна ревизија и промени во финансиската регулатива. Индексот „Дау Џонс“ порасна за 5,8 отсто. (Макфакс) |