Хипо ги продава своите филијали на Балканот
Виена - Австриската банка Хипо Алпе Адрија ќе мора да ги продаде своите филијали на Балканот по барање на главниот сопственик, германската Бајрише ландесбанк, објавија австриските медиуми. Шефот на Хипо банка, Тило Берлин, доби налог да ги продаде сестринските претпријатија во Италија, Црна Гора и Србија, а Бајрише ландесбанк со оваа мерка сака да преземе поголема моќ над сестринските компании, како што е групацијата Хипо. По огромните загуби, шефот на германската банка, Михаел Кемер, бил принуден да претстави нов концепт за иднината на банката. (МИА) |