Излез од рецесијата до крајот на годината
Вашингтон - „Доколу се стабилизира банкарскиот систем, би можело да се очекува рецесијата што почна во декември 2007 година да заврши во наредните три квартали“, изјави шефот на американската Управа за федерални резерви, Бен Бернаки. „Ако успееме да го направиме тоа, постои добра шанса рецесијата да заврши пред крајот на оваа година и во 2010 година да забележиме раст“, рече Бернанки. Според него, неопходна е ревизија на американскиот финансиски регулаторен систем, со засилување на надзорот врз банките, фондовите и големите институции, чие пропаѓање би ја загрозило целокупната економија. (МИА) |