Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Поглед

Приказни за патиштата

Даниела Трпчевска

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и првиот човек на Агенцијата за државни патишта, Наташа Волкановска, завчера дојдоа, разгледаа и заминаа од кобниот мост кај Катланово, каде што еден ден пред тоа, во длабоката бездна животот го загубија петмина битолчани, меѓу кои и две тригодишни деца.

Ваквите прошетки на надлежните по критичните црни сообраќајни точки во земјава можат со денови да се бројат и пак да не се добројат. Арно ама, ефектите од тоа никаде ги нема!

Додека Јанкулоска апелираше возачите да внимаваат и побавно да возат, одговорната за патиштата не даде ниту еден конкретен одговор зошто делницата кај Катланово е страв и трепет за возачите, зошто никој не ги закрпува дупките и не ги оправа улиците кои се во мизерна состојба и молат за реконструкција.

Повикувајќи се на некој акционен план што е во тек, таа пред новинарите не остави впечаток дека некој ќе ги засука ракавите и ќе направи детална анализа и процена зошто автопатот пред тунелот е правен надолно како скијачка патека, што е тоа што ги залажува возачите да возат брзо и да ја изгубат контролата по излезот од тунелот, каде што речиси секоја недела има некоја непријатна случка и дали можеби немањето заштитна ограда на делот од патот е уште една дополнителна опасност, која некого може да однесе во амбис и во сигурна смрт.

Волкановска место да даде цврсти ветувања дека ќе направи се' за делницата кај Катланово да не се вбројува повеќе меѓу 137 кобни точки во сообраќајот, зборуваше за некакви пропаднати 30-ина години во кои не било мрднато со прст. Оваа несреќна изјава не зборува ништо друго, туку дека надлежните се' уште живеат во минатото.


#
Статијата е прочитана 1436 пати.

Испрати коментар

Од: nick hill
Датум: 17.04.2010 00:05:56
so neispravni patishta ne se odi vo EU pochnete da gi gradite em ke se otvorat novi rabotni mesta em poveke turisti ke doagaat inace vaka za nikade ne sme.
Од: Logicen logicar
Датум: 17.04.2010 00:54:49
Ne ja svakajte pogresno. Zgresila, oni zboruvaat samo za idno vreme. Sakala da kaze sto ke napravi za edno 30setina godini. Treba samo da se strpime i da pocekame. Koga zborat za minatoto sekogas go spomnuvaat Branko, a vo slucajov ne go sponala. Logika Logika.
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 01:02:54
ja nisam odavde!!!!!bati sluzbite bati samo za vo kancelarii da sedat gi biduva duri ni izjavi neznaat da dadat pacit socustvo da izrazat ehhhh crna Makedonijo sto si zgresila pa vakov narod deneska seta niz tvojata zemja...OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: @@@@
Датум: 17.04.2010 01:03:58
Nee Volkanovska tuku Valkanovska prezimeto odgovara na nejzinata malenkost, gospogjicata nema pojma zasto e direktorka vo agencijata, kaj se videlo i culo ekonomistka (koja ja planiraat za vice guverner) da moze da dade komentar za sostojbata na patistata vo RM
Од: баба Бота
Датум: 17.04.2010 06:54:48
Голема лага е дека 30 години ништо не е направено на македонските патишта. Имено до 1998 година директор на Македонијапат беше Фа��мир Идризи, кој ја остави фирмата со одлично одржана патна мрежа и позитивно салдо во М.Пат од 2.700.000 германски марки. До тој момент состојбата на патиштата беше повеќе од задоволителна. Агонијата на македонските патишта почна со промената на политичката опција, кога тогашниот СИЗ за Патишта стана една огромна перална за пари на тогашната нова власт, престана редовното исполнување на финансиските обврски према Македонијапат, која скршена од проблеми поради неможност за наплата на извршените асфалтирања, престана со поголеми зафати на патната мрежа. Ваше е само да се потсетите кој тоа беше на власт во тоа време? П.С. Пред неке време испадна на виделина дека во времето на војната 2001 тогашниот директор на М.Пат, професорот С.Ѓ. со службената кола и шофер, со куфери превезувал големи пари во Софија (погодувајте за чии потреби).
Од: krste
Датум: 17.04.2010 07:00:58
Abre lugje!!? Koi li bea tie dve devojcinja sto davaa izjavi po nesrekjata??? Pa ovie ni za salterski rabotnicki ne odgovaraat a ne za takvi funkcii??? Ima li zemja vo svetov sto stava na funkcii decinja??? Neli Felix??? I Kimov treba da mi odgovori???
Од: Dinamičen
Датум: 17.04.2010 08:59:00
Toa e realnosta na ovaa vlada. Ne znaat ni eden avtoipat da napravt kako što treba. Eden kup luđe izginaa kaj Katlanovo, a ministerskata samo se šeta. Ne i teknuva brem edno cveće da položi. Kade se policajcite da pomagaat koga treba. Samo budžetot go punat so kazni. Kako sega će go kaznat zaginatiot? Kako će punat budžet so umreni? Ete dde ne donese antikviyacijata. Grcite barem ja napravija Via Egnatija, a ovije ne znaat ni eden autoput da napravat kako što treba. Zošto Pasko Kuzman ne kopa kaj Vija Egnatija? Ya da ne se vidi kradeweto na antičkata istorija. Tamu da kopa će ja vidi grčkata isgtorija, a ne aeordromi da se imkenuvaat so antilčki junaci, koga vo toa vreme nemalo avioni. Se e laga i falsifikat.
Од: јас
Датум: 17.04.2010 09:14:44
Да , навистина јадно и бедно беше изјаснувањето на оваа директорка ( партиски војник) за тоа дека 30 години ништо не се влужувало во овие патишта...Се прашувам , откога таа е на директорско место со што придонела ова да се надмине .Можеби со поставување на бетонски огради покрај „црните точки “ на патиштата или со поставување на заштитни мрежи на местата каде изминативе месеци се случуваа одрони ??? НЕ !!! Таа само „придонесла „само со подигање на својата директорска плата ( која сигурно не е под 1000 евра ) на први и давање на вакви ступидни изјави посекоја трагична несреќа !!!
Од: Mite
Датум: 17.04.2010 10:05:35
Navistina, seuste ne mozam da sfatam kako uspejaa da ja najdat?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 10:15:42
Пишувањето на виножитна водоотпорна студентка леди Сирма и нелогичниот логичар може да се окарактеризира за перверзна опсервација на семејна трагедија.Патот како да е од вчера со познатата црна точка кај Катланово.Нема автопат во светот кој нема свој црни точки,каде што се случуваат несреќи по вина на возачите.И на крајот да се возело внимателно и со помала брзина како и другите возачи немаше да се случи тоа што се случи.
Од: dragi
Датум: 17.04.2010 10:54:19
Samo Volkanovska da go vidi avtopatot od Veles do Katlanovo da vidi vo kakva sostojbata e asfaltot, i da se fati za rabota direktno na teren, a ne so vakvi izjavi koga ima nesreki, zosto ni zemaat 60 denari patarina koga vozis po dupki kade se parite od patarinite kade odaat ,sigurno ne odaat za patistata, SRAMOTA
Од: verag
Датум: 17.04.2010 16:27:50
Министерот за здравсто изјави дека ничто не се вложувало 20 год. а ива девојче го кажа истото,но зголеми на 30 год.Дали ја заборавил лекцијата или ДПМНЕ зголемува за поголем ефект?А како сите забораваат дека оваа партија била на власт 8 год.?
Од: kaznet
Датум: 17.04.2010 17:42:44
Esenoska na patot Straza Gostivar pred motelot stavile polna linija samo za da mozat tie od motelot da izleguvaat od parkiralisteto i da vrtat kon gostivar Me zastanaa za prestignucvanje na polna linija. Dobro mi napisa PS kazna a so niv bese i nacalnikot so 4 zvezdi i im veli na soobracajcite ako napisavte po 8 kazni dovolno e za denes ajde da si odime, Samo za kaznivanje a nikako za preventiva. Ocaen pat losa signalizacija bledi linii neiscisteni drva i grmuski koi ne ti davaat preglednost na isptrekinata linija, dupki gumi i federi da iskines a za brza voznja 300 evra. Da ja prasam Volkanoska zosto od Gostivar za Tetovo maksimalna brzina e 100 km/h a na istiot del samo od Tetovo do Gostivar e 80 km / h. Jas ce i odgovoram SAMO ZA KAZNI.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Сопартијците го подметнуваат грбот за премиерот
Не сум колатерална штета