Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

5 прашања 5 одговори

Не сум колатерална штета

Силвана Бонева

Нормално е премиерот да остави пратеничката група да ја донесе одлуката,

Оливера Војновска

Госпоѓо Бонева, зошто премиерот Никола Груевски Ви го испрати писмото од Филе? Дали разговаравте со него за тоа?

Собраниската седница беше во тек и мислам дека писмото беше пратено за да разговарам уште еднаш со пратениците за ставот на Европската комисија околу Законот за антидискриминација. Се јавив двапати, но премиерот имаше некои средби и не успеав да се слушнав. Сметав дека штом премиерот ми испраќа лично писмо, сака да го имам на знаење. Проценив дека треба да им го дадам на членовите на Извршниот комитет што беа во Собранието, другите пратеници ги информирав дека има писмо од Филе и дека се бара експлицитно да биде наведена сексуалната ориентација. Направивме кратка координација, ставот на сите пратеници беше дека овој Закон не ги исклучува од заштита луѓето со различна сексуална ориентација. Беше оставено секој да си гласа според сопственото убедување. Значи, мојата обврска како координатор беше да ги запознаам сите мои колеги од пратеничката група со писмото и јас го направив тоа.



Зошто за дописот од еврокомесарот не ги информиравте и пратениците од другите пратенички групи ?

Писмото не гласеше до координаторите на пратеничките групи, туку до премиерот. Ако писмото беше назначено до претседателот на Собранието, до координаторите на пратеничките групи, јас ќе сфатев дека треба да го препратам и до другите. Ама нема логика јас да бидам технички курир во Собранието. Тоа не е моја обврска. Се знае каков е редот. Ако ЕУ сакала да испрати писмо до парламентот, тоа ќе стасало во Архивата на Собранието и ќе им се проследеше на сите пратеници. Јас не сум приемно одделение на Собранието, па да ги кријам писмата и да не и' ги давам на Архивата да ги заведува. Тоа е целата приказна. Никој ништо не крие. Јас немам зошто да го правам тоа.



Владата седум дена молчеше откако Филе го обелодени писмото, за потоа премиерот да ја префрли целата одговорност кај Бонева?

Не е така. Тоа е лошо интерпретирано. Бонева е една од еднаквите во Собранието, со обврска да ги координира пратениците, но не може да го промени нивниот став. Јас како координатор можам да направам толку - да ги информирам нашите пратеници дека покрај пораките што беа испратени преку јавноста, имаме и писмо од Брисел дека треба да се направи корекција во тој дел на Законот. Тоа беше обврска на Силвана Бонева, пренесена од премиерот, бидејќи Законот веќе не е во владина процедура.

Ако еден закон излезе од владина процедура, ако пратениците дискутираат, ако се знае дека законот предизвика вистинска бура и во јавноста, но и внатре во нашата пратеничка група, тогаш јасно е дека премиерот, како и многупати досега, ќе остави пратеничката група да ја донесе одлуката или пратениците да гласаат по сопствена совест. Се направија максимални напори законот да биде усогласен со невладините организации и се успеа во тоа. Но, кај поголем дел од пратениците немаше расположение експлицитно да биде вметната сексуалната ориентација. Јас сум убедена дека ние имаме европски закон.



Зошто се тогаш реакциите од Брисел?

Мислам дека реакциите не се резултат на Законот. Најверојатно, одгласот што доаѓа од Брисел е резултат на неколку несреќни изјави и на општата атмосфера што се создаде по влегувањето на првата верзија во собра��иска процедура. Овој текст немаше дефинирани видови дискриминација и не постоеше независно тело. Во финалниот текст беа коригирани речиси 80 проценти од одредбите и се направи еден квалитетен Закон за кој сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ги задоволува европските стандарди.



Излезе ли Бонева на крајот од приказната како колатерална штета?

Не се чувствувам како колатерална штета. Координаторот секогаш ја носи одговорноста за се' што се случува во пратеничката група. Но, треба да се разбере дека координаторот на која било пратеничка група, па и на ВМРО-ДПМНЕ, не може да им го промени ставот на пратениците. Јас само замолив дел од колегите да не ги искажуваат јавно екстремните ставови за да не му направат повеќе штета на целиот процес. Сепак, одлуката ја носат самите пратеници.


#
Статијата е прочитана 3665 пати.

Испрати коментар

Од: SMK
Датум: 17.04.2010 01:07:27
Reshenie mozhe da bide samo preku Megunarodniot sud kako shto predlaga Igor Janev . Greshkata e napravena vo OON 1993. g.
Од: ја
Датум: 17.04.2010 01:12:22
Не е Бонева колатерална штета целото ВМРО ни е не колатерална туку ВИСТИНСКА ШТЕТА.Тик так,тик так времето брзо им одминува им се гледа КРАЈОТ.
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 01:21:28
NORMALNO go prepratil ON NIE ODAVDE koga mu gori pod noze se krie pod zenska suknja i toa bas pod srednoskolkava tuka e greskata trebalo da go preprati pismoto do onaa smesnata pratenicka od vmro od bitola taa so garancija ke najdese NZS.a moze podobro do feliks da go ispratese toj e ekspert kako gorcev za sveeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee
Од: Akuserkata Anita
Датум: 17.04.2010 01:58:03
Boneva ! rti ja "utna " rabotata , pa mislam deka za kordinatorka na pratenickata grupa na VMRO treba da ja stavite, onaa ' akuserka " Anita Stefanovska. ako vo medjuvreme ne ja postavite za direktor na Akuserska klinika vo Skopje. Epten ja biva za tie raboti !
Од: Blue fighter: DPMNE i "sopstvenoto ubeduvanje"
Датум: 17.04.2010 03:16:46
Kolku nelogicnosti od pusta zelba da se skrijat lagite,edinstvenoto nesto vo koe se isti.Za drugi raboti znaat i da izniansiraat pomalku.Zamislete,zar nekoj kje poveruva deka portokalovite pratenici glasale po sopstveno ubeduvanje! I toa po 7 dena izvestuvanje otkako im bila obelodeneta sodrzinata na krienoto pismo,dodeka pronasle nacin koj da ja bajpasira odgovornosta na Grujo za ignoriranje na ukazuvanjeto od File.Toa sto sakaat da se pravat pogolemi katolici od Papata e nivna maska zad koja gi krijat golemite afinitetlii kon ovaa nepriznena kategorija vo vreme na nivnoto vladeenje.Izigruvaat golemi hristijani, a cel narod gleda kako gi prekrsuvaat Bozjite zapovedi ,osobeno Ne kradi,Ne lazi.I sega koga Spanija,so mileniumsko katolicko pedigre gi priznava i brakovite megju istopolni sodruznici,ovie se tvrdokorno konzervativni.Osven koga se raboti za nivnite relacii,se ostanato e neprifatlivo.I nema zosto Silvanceto da se cuvstvuva kako kolateralna steta.Toa im e istrenirano od start.
Од: petre
Датум: 17.04.2010 07:00:18
luge od site partii,osvestete se,ni se smee cela Evropa.bidete edinstveni,sramota
Од: marjan.pp
Датум: 17.04.2010 08:05:35
ako ne e ance koj ke ne zasmejuva vo sobranivo-Q-,,0''
Од: Sale
Датум: 17.04.2010 08:07:12
Dodeka e BC opozicija za VMRO nema zima.
Од: od EU
Датум: 17.04.2010 08:23:51
Po kojznae koj pat, Nikola Gruevski se odnesuva kako onaa narodnata "drzte go kradecot". G-gjo Boneva, ako e i od Vas mnogu e! Vie ste sega vo uloga na " CISTAC" na uste eden nered sto gi ostava zad sebe Gruevski, ama i toa go pravite nedovetno, isto kako i Vasiot lider.Pa normalno e g-not File da go isprati pismoto do Premierot, ZATOA STO TOJ GO PREDLAGA ZAKONOT, a VAS vi go ispratil SAMO ZA DA IMA ALIBI deka kako i sekogas TOJ NE E OD TUKA I ZA SE STO NE CINI KRIV E NEKOJ DRUG!!!!!!! Navistina ste SMESNI kako nesmasno se obiduvate vo nesto, vo koe NEMA DA VI POVERUVA ni edno dete. PROCITANI STE!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: dara bubamara
Датум: 17.04.2010 08:26:19
E Silvano, Silvano barem da znaese da pees kako Armanulik, vaka ti ostanuva samo da ja slusas i da ucis od Cvetanka Ivanova.
Од: ilija
Датум: 17.04.2010 08:28:24
znaci premijerot i go.boneva nese vinovni za pismoto nego vinoven e gospodinot file on treba da znaje oti vladata ima drugi po vazni raboti a imeto-EU i nato se sporedna stvar.
Од: antizakon
Датум: 17.04.2010 09:19:40
Писмото не гласеше до координаторите на пратеничките групи, туку до премиерот. I Evropa znae deka gruevski si igra so vas kako sto saka i se sto ke vi rece vie mora da go poslusate. Sramota za vas a i za premierot
Од: јас
Датум: 17.04.2010 09:19:47
Од авион се гледа дека не ја бива женава , ни за пратеник , а не пак за координатор на пратеничка група...
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 17.04.2010 09:44:44
koe vmro be koj bakraci.ovaa da vmro eda ali zalno koga ona go vodi dpmne.mislam taa ke bide penzionerkata dulic xaxaxa podobra.ona i repceto se samo dpmne drugi nema tamu vo parlamentot,a antonio samo e vmrovec vo vladata.
Од: Denis
Датум: 17.04.2010 09:51:58
Gospoza Boneva nee kolataralna shteta tuku e neshto pogolemo.Koga ke ja vidam odma me asocira na graganka od onaa strana na granicata,poshto cela nejzina familija poseduva bugarski pasoshi i nisto drugo na se ocekuva od nea se da zakochi neshto shto za Makedonija e najgolema shteta.Boneva vi se blizi krajot zaedno so Grujo ama ne znam kade ke odite?
Од: maxi246mkd
Датум: 17.04.2010 10:12:51
Ako pismoto bilo isprateno do Premierot a ne do Pretsedatelot na VMRO togas Gruevski trebalo da ja informira vladata, a ne VMRO, neli?
Од: mehmed
Датум: 17.04.2010 10:17:26
Za ssto ja ispituvate zzenava, za korespondencija, Tolku vreme za ovaa rabota se rasprava vo javnosta. Pa zarem ne sme paralemntarna demokratija vo koja mnozinstvoto ressava. Spored site ccitateli do sega izgleda deka treba da go raspusstime Sobranieto, da go postavime Fuere za cas i samo da se povladuvame po direktivi za se i sessto. Ni DUI ne glasala za vakov napreden zakon, ako Ermira e ssokirana oti ne primila FW na mailot od Fuleto. Makar za kratko Grujo uspea da ne ubedi deka sepak vo svojata drzava imame pravo za nessto da ressavame. Pomislete na toa.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 10:23:57
Можеби нескромно звучи ама кога ги читам поедини коментари како од леди Сирма и нејзините трабанти се осеќам инспиративно како Достевски кога пишувал ,,Идиот,,.Така делуваа инспиративно синоќа ,, Во центар ,, на В.Ефтов алиби однесувањата на Станковиќ и Јакимовски.Имено виножитните воопшто не учествувале во аферата ТАТ и криминалната приватизација и се однесува ,,да су одавде,, ама народот има амнезија.
Од: Ангел
Датум: 17.04.2010 10:52:20
Браво силвана за овој потег .Европа не не признала нас како народ а запна за хомо закон и за кучиња скитници . Бог да чува .
Од: jas
Датум: 17.04.2010 12:25:05
ocigledno e toa deka ovaa vlada saka matna voda bidejci taka polesno se lovat ribi.si ja prefrlaat topkata i pak se branat.tie se pravi drugite krivi
Од: Ico Najdovski, Melburn
Датум: 17.04.2010 12:29:16
Igrajte si vie majtap so Boneva, Vlatko i dugi srednoskolci...ke vidite sega koga ke vi pustime EKSPERT od Avstralija za site prasanja!!! Pratenikot ke bide so 4to oddelenie ama golemo iskustvo, veteran e na Vmroovcite vo Dijasporata i zgora na toa e Dogramadzija vo edna fabrika vo Melburn odnosno menadzer na oddel!!!!
Од: Goce
Датум: 17.04.2010 13:59:47
Ubavo se nasednala Boneva. Na negativno prasanje odgovara so negiranje. Dali ste kolateralna steta - ne sum kolateralna steta. I toa sega e naslov na statijata. A normalno novinari koi se protiv vlasta ke go iskoristat toa.
Од: Stojko
Датум: 17.04.2010 13:59:55
Ne mozev da citam do kraj, mi se gadi...No..: 1. Ako ste korigirale 80 % od odredbite, znaci predlagacot predlozil los zakon, ama 100 % zemal pari za toa. 2. Pismo bilo do premierot na Vladata na RM, a ne do pretsedatelot na VMRO-DPMNE. Znaci, moral da ja izvesti vladata, a ne pratenicka grupa na svoja maticna partija.
Од: До сите што коментирале
Датум: 17.04.2010 15:29:18
Абе зашто не дискутирате за тоа што содржи писмото испратено од филе, топки сигурно не содржи. Цело време коментирате како не стигнало писмото и како било скриено и како бонева била неспособна, судејќи по содржината тоа писмо и добро е што не стигнало до сите.
Од: Karokan-gambit
Датум: 17.04.2010 15:44:14
e4-e5;Sf3-d6;d4-Lb5......... Ova sto go napisav vo nisto ne se razlikuva od komentarot na g-dinot Felix. Temata e zakonot za antidiskriminacija i reakciite na Brisel ( prosledeni preku pismoto na File) i vo vrska so toa viduvanjata na pratenickata Boneva, spomnatiot g-din,po neizbeznoto plagijatiranje- vinozito,vinozitni i sl.,se zakaci za emisijata na Vasko Eftov,TAT pa go dopre duri i Dostoevski i Idiot (tuka ne sum bas siguren dali se cuvstvuval kako pisatelot ili glavniot lik vo romanot) . Pa,rpijatele,duri ni vo boksot,kaj dobrite bokseri se razbira, po primeniot udar ne e korisno na protivnikot vednas da se vozvrati, G-gja.gj-ica Sirma,dobro te nacekala na desnicata (ako e desnak) i istrpi go udarot i cekaj pogoden moment,zosto vaka mozes da primis uste udari.
Од: Glasot od divinata
Датум: 17.04.2010 17:08:22
Kolateralna steta ne e i nema da bide Silvana tuku Makedonija koja e na pat za Katanga , a Evropa ce ja sonuvame so takvi demonehristijani koi vo crkva odat ako ocekuvaat deka nivniot sef ce gi vidi.Se sto pravite vo Sobranieto,go pravite za inat so cel da pokazete kolku ste mocni.Taka i treba,narodot vi ja predal Drzavata da pravite so nea sto sakate i dosega ste odlicni.Samo napred,no do koga ?
Од: Kole
Датум: 17.04.2010 19:02:01
17.4.2010.Niick.Perth. site sto kritikuvate mora da znaete ime ne menuvame.pozdrav do site.
Од: vvv
Датум: 17.04.2010 21:13:22
Е фЕЛИКС, фЕЛИКС..... твојот коментар нема врска со текстот. Затоа ке ти дадам и таков одговор-го споменуваш ТАТ, во кој пропаднаа 100 милиони марки (не дека го оправдувам), но што правиме сега кога ревизорските извештаи за секоја посебна област или министерство даваат толкава бројка за измами и ненаменски потрошени пари.ЗНАЧИ СЕКОЈ ПОСЕБНО прави криминал со милионски суми. Или за тоа ти “не си одавде?“
Од: Blage
Датум: 17.04.2010 23:19:36
Европа сака да го смени нашиот народ преку нок, небива така, ние сме сепак народ кој иако е сиромав сепак знае да цени кој се ведностите на еден здрав и пристоен живот.Ке дојде ден кога тие ке учат од нас а не ние од нив.Браво за Бонева која си го познава својот народ
Од: drugarot na sirma
Датум: 18.04.2010 03:11:42
Do Ice od Melburn Djabe ke go prakate dogramadjijata ( ekspertot) za kratko vreme . Tuku spremajte se za priem na golema navalica od VMRO-vci
Од: Normalen
Датум: 18.04.2010 09:46:58
Племенското однесување на политичариве не мопже никој нормален да го свати ако ги третира како патриоти и градители на државата.Инаку вака се однесувале тираните со мотото држава тоа сум јас.Потоа губеле глави.Секогаш имале полтрони кои во име на високи цели стоеле зад секоја нивна грешка, ја правдале се со цел за што поголем дел од колачот кој се остварува од моќта на власта и владеењето.Реалноста е во сосема заден план.Така најлесно се губат секакви реални критериуми,се девалвираат моралните и етичките вредности и полтронизмот е највисоко ценета доблест за успех во кариерата и животот.Жално,мизерно,- но реалност е.
Од: boki
Датум: 18.04.2010 11:26:28
ociglegno Boneva nema pojma od lobiranje, interest grupi, koga gi citam nejzinite odbrani ko prvace se brani pred ucitelot... ako ona neznae da svati sto treba da napravi togas isprakacot uste ednas javno ke im kaze na site... neka vie so sreka so firerot na vlast

Најди! во Утрински
Втора страница
Приказни за патиштата
Вербатим
Сопартијците го подметнуваат грбот за премиерот