Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Сопартијците го подметнуваат грбот за премиерот

Оливера Војновска

Во моменти кога парламентот расправаше за Законот за антидискриминација, премиерот и партиски шеф на Силвана Бонева, Никола Груевски, и' го испрати (преку неговиот Кабинет) фамозниот допис од Брисел. Потоа спокојно продолжил со обврските од набиената дневна агенда. На Бонева и' препуштил во нејзината собраниска канцеларија да одлучи дали ќе се прифати сугестијата на еврокомесарот Штефан Филе во Законот експлицитно да биде наведена сексуалната ориентација. Премиерот едноставно оставил Бонева и пратениците самите да се определат, секој според сопственото убедување.Така што, тој сега нема никаква одговорност за Законот. Излегува дека најголемиот виновник е Бонева. Таа, пак, лично не се чувствува како колатерална штета и смета дека целата работа погрешно се интерпретира.

Во слична ситуација се доведе и спикерот на парламентот, Трајко Вељановски, кој реши да го подметне грбот и да објаснува дека писмото од европарламентарците воопшто не го добил, бидејќи било испратено на Интернет-адреса што тој не ја користел.

Колку во домашната јавноста, но и кај дипломатите поминуваат ваквите приказни и може ли премиерот да излезе чист од овој скандал? Директорката на Македонски центар за европско образование, Лидија Димова, вели дека македонскиот премиер е одамна прочитан кај странците. „Премиерот може да се извлекува колку што сака, ама тоа нема да му помогне. Приказната е проѕирна и очигледно е дека Бонева доброволно се жртвува за Груевски. Владата прави се' спротивно од препораките на ЕУ и Брисел континуирано и' удира шлаканици. Сега веќе официјалните личности од ЕУ и од ЕК не го кријат тоа, туку многу отворено го кажуваат. Многу сум задоволна што решија да не молчат“, вели Димова.

Потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули од СДСМ, вели дека Груевски е премиер и морал да и' каже на јавноста дека има такво писмо од Брисел. „Тоа што го пратил до Бонева е најдобар доказ дека не го почитува Собранието како институција. Вељаноски треба да побара појаснување од премиерот зошто не му го испратил нему писмото. Очекувам да му постави такво прашање на седницата за пратенички прашања“, вели Макрадули.

Тој е убеден дека и Бонева и парламентарниот спикер се подметнуваат доброволно на штета на сопствениот углед за да го заштитат Груевски. „Со ваквото однесување на премиерот го губиме кредибилитетот во европските институции. Тој го прави тоа свесно, бидејќи единствената работа за која се грижи е неговиот рејтинг“, смета Макрадули.

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети вели дека ова е уште еден пример што зборува за исклучително нискиот демократски капацитет на македонските институции и личностите кои раководат со нив. „Начинот како се одвива комуникацијата со Европскиот парламент зборува за несериозноста и недостаток на транспарентност на надлежните државни институции. Имаме повеќе заталкани писма од Брисел, а од целата приказна произлегува заклучокот дека ни недостасува демократско однесување и добро владеење. Недозволиво е да се премолчуваат информации. Случајот е сериозен и не верувам дека некој ќе го прифати објаснувањето кое се сведува на чисто техничко препраќање на писмата од Кабинетот на премиерот кај координаторот на пратеничката група. На ваков начин само си ги деградираме нашите изгледи да направиме некаков чекор кон ЕУ“, вели Мехмети.

Премиерот Груевски и вчера одбегна да даде поконкретна и попрецизна информација за писмото на еврокомесарот Филе, нагласувајќи ��ека нема дополнителен коментар од тоа што веќе било кажано од неговиот Кабинет.


#
Статијата е прочитана 1851 пати.

Испрати коментар

Од: Blue fighter: Zoshto chovekov voopshto e Premier?
Датум: 17.04.2010 03:38:43
Ne sum tuka,prezafaten sum,adresata na e-mail ne ja koristam - prefrlanje od suplivo vo prazno.I se taka vo krug.A Makedonija na vrvot na kubot.Probodena vo srce od ekspertite za unistuvanje na se sto vredi vo drzavava.Kakov sindrom ima rejtingomanot ako ne saka da odluci za raboti koi se vo negova nadleznost ,pa mora drugite da bidat so podmetnat grb za da go prezemat rizikot od eventualen odium na javnosta?Dali samo privilegiite da se bide na taa pozicija (so celosno izmesteni kriteriumi za znacenjeto sto go ima za MKD) se edinstvenoto privlecno za negovoto EGO? Dali zbogatuvanjeto so bratucedite im e reperot so koj pokazuvaat deka vredat (tezat) povekje i od nivniot ex-Premier?Toa e odgovorot sto e najadekvaten zosto se seuste tuka,a ne ke se raspravaat lugjeto tamu so nekoi za pismo od File, razni Bonevi,Veljanovci i nim slicni.Ma,ajde,be ostavete gi na raat do terminot za Ceska.Pa, stvarno nemate oset.Sram da Vi e.A oni taka mladi i bogati.E ,lijepi NE(Slobo za Milo).
Од: boris
Датум: 17.04.2010 08:40:02
Navistina, ne ve razbiram i Vas novinarite. Pa zarem tolku ne go naucivte nasiot Premier, deka TOJ oDGovaRA sAMO NA ODNAPRED NAPISANI PRASANJA. Za site ostanati prasanja ili ne odgovara, ili PRSTOT za VINATA GO VPERUVA vo NEKOJ DRUG!!!!! Za se sto ne odi vo Makedonija, sekogas ke najde dezuren krivec, samo toj e "bezgresen" i "golem patriot". A kolku mu e bitna EU agendata se vide. Povazni mu se lopatite i site ostanati gluposti sto gi pravi, se vo interes na velicanje na sopstveniot "lik i delo", sto bi se reklo SOPSTVENIOT REJTING. A idninata na drzavata?????? sto bese toa?????
Од: забеган
Датум: 17.04.2010 08:45:50
Мора да имат причина, Или добро се наградени или се наивни.Ако е ова второто Дебело ќе се покајат.Ќе дојде денот ко ќе фрлат дрвја и камења и тврдат како биле заебани.
Од: Трпе
Датум: 17.04.2010 09:46:07
Нашиве деца кои си играт власт,никако да сватат дека лагите имат и свој крај.Ниту една лага не останува вечна.Ниту една тајна не е трајна.Но сметките ќе ги плакат ,напатениот народ.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 09:59:16
Комични се опсервациите од синдромот ,,подметнување грб ,,како да е ексклузивитет само на поморанџестите.Како компарација е синоќешното однесување на виножитните ,,дејци,, од типот на Станковиќ и градоначалникот на Карпош во емисијата на канал 5 ,,во центар,,.Првиот тврди да аферата ТАТ нема врска со виножитниот кампус и спасителот,додека вториот тврдеше да спасителот и виножитните немаат никаква врска со криминалната приватизација.Гостин беше и уредникот на Утрински кој запрепастено го гледаше ваквото просветлено ,,подметнување грб,,и чинеше напор да избалансирано ги објасни работите.
Од: mene
Датум: 17.04.2010 10:22:47
Navistina se e veke videno! Niti Boneva, niti Veljanovski ne se tolu naivni, a uste pomalku Firerot. Vreme im e da padnat, a potoa da dadat otcet za se sto srabotile ama pred makedonskite sudovi i vo realni sudski procesi, ne vo motirani koi tie gi praktikuvaat.
Од: Aleksandar Stevanoski
Датум: 17.04.2010 10:58:21
Се испотепавме за ЕВРОПСКИТЕ и ДОМАШНИТЕ хомичи, а од друга страна ние како народ ги губиме основните човекови права. Луѓе дајте да се свестиме и ние како народ,а и насата влада дека ако продолзиме со глупостиве ја губиме и државата, која започнавме да ја губиме во 2001год.
Од: koki
Датум: 17.04.2010 11:45:53
Koj li go izmislil PROKLETIOT REJTING???
Од: mene
Датум: 17.04.2010 19:27:03
E GRUJO GRUJO pa ti si premier na site gragani na Makedonija ili samo na BLGarite vo nea( VMRO DPMNE) sigurno e ova vtorovo. Na zdravie neka im e na Makedoncite go glasaa neka si go trpat. ;TRAZILI STE GLEDAJTE;
Од: Stojko
Датум: 18.04.2010 16:00:20
Aman be Feliks, sekade go spomnuvas TAT, toa li ti e naucena pesnicka za ovaa nedela? Ocigledno e deka ne samo sto si se nagrbil, tuku i usta si otvoril....

Најди! во Утрински
Втора страница
Приказни за патиштата
Вербатим
Не сум колатерална штета