Пинк
Се плаши од ќерка како себе
Пинк потврдила дека е бремена, говорејќи во шоуто на Елен Де Џенерис дека деновиве јаде за двајца. На славната водителка и' открила дека молчела за добрите вести, зашто во минатото имала спонтан абортус. Гласиштата за нејзината бременост почнале откако Пинк деновиве била видена со сопругот на плажа. Таму не можело, а да не се забележи нејзиниот труднички стомак. „Не сакав да зборувам за тоа, зашто бев многу нервозна, поради пометнувањето во минатото“, открила пејачката, па продолжила: „Работевме на тоа и не не' изненади“.
Иако се' уште не го знае полот на детето, веќе има кошмари за тоа дека ќе добие девојче, кое карактерно ќе личи на неа. „Докторката ми кажа што мисли. Се плашам, оти таа ми рече дека и' се чини оти чекам девојче. Мајка ми секогаш посакуваше да имам девојче што ќе се однесува токму како мене. Се плашам едната од нас да не заврши в затвор“, рекла Пинк.
Пинк со сопругот Кери во минатото ја прекинуваа врската. Во 2008 година некое време беа разделени. Пинк истакнала дека за се' во животот се потрудила, па така и за хармоничниот брак, каков што има денес. |