Блиц инфо
Гаро Тавитјан гостин на Јосипа Лисац
Македонскиот музичар Гарабет Тавитјан ќе биде специјален гостин на долгоочекуваниот концерт на балканската дива Јосипа Лисац што ќе се случи на 30 ноември во Универзална сала.
Јосипа Лисац беше дел од ланскиот проект на Гаро и Тавитјан брадрс „Македонското срце чука во 7/8“, каде што ја испеа „Калино моме“, која за првпат во живо ќе ја изведе на скопскиот концерт.
Дани дизајнира откачени чевли
Поп пејачката Даниела Димитровска- Дани од пејачки премина во дизајнерки! Шега на страна, Дани има нова пасија, дизајнирање на колекција на чевли која ќе ја доживее својата промоција токму денеска во ТЦ „Рамстор“. Новата колекција е насловена „My Way“ и има за цел да ни го преслика темпераментот, енергичноста и откаченоста на нејзината потписничка.
Цеца се фалсификува на големо
Во оптек се пуштени фалсификувани влезници за претстојниот концерт на српската пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ што ќе се одржи на 26 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, предупредува организаторот ТА „Гуливер милс“, кој најавува засилена контрола на влезовите на денот на концерт.
Покрај специјалната заштита, оригиналните влезници се издвојуваат од фалсификуваните и според оригиналната цена, која изнесува 800 денари за стоење и 1.000 денари за седење.
|