Викторија од Шведска
Принцезата доаѓа на тронот по татковиот секс-скандал?
Откако шведскиот крал Карл Густав XVI (64) до гуша потона во сексуални скандали по извештајот за видеоснимките на кои се забележани неговите сексуални односи со проститутки, се претпоставува дека тој би бил принуден да се повлече, а веќе идната година на шведскиот престол да седне неговата ќерка, принцезата Викторија (33).
Шведските медиуми оценуваат дека сценариото за доброволното заминување на кралот од тронот е сосема возможно, ако се покаже дека бил цел на уцена на криминалното подземје и ако ја изгуби довербата на народот.
„Ако се намножат критиките, ќе се засили притисокот врз Карл Густав да поднесе оставка. Но, ако тој не сака, никој не може да го принуди на тоа“, кажува за правната страна на овој проблем шведскиот стручњак по уставно право Јоаким Нергелиус.
Од друга страна, не е премногу веројатно дека кралот ќе си дозволи толкава бламажа и по секоја цена да се држи до престолот и покрај волјата на својот народ. Особено кога се има предвид дека Шведска напросто ја обожава својата принцеза - престолонаследничка. Од нејзината венчавка со Даниел Вестлинг (37), момче со граѓанско потекло, младиот пар во својата земја е попопуларен од рок-ѕвездите.
Откривањето на кралските сексуални палавости тешко ја погодиле неговата сопруга, кралицата Силвија, која деновиве минува низ своевидно јавно понижување, иако најверојатно за целата ситуација знаела веќе со години. Се тврди дека минатата недела ја минала сама во дворецот Дронтингхол и дека многу плачела.
Меѓутоа, кралицата и' ги доверува своите чувства само на една блиска пријателка, додека надвор од семејството се труди да биде силна, не избегнува да се појавува во јавноста и никогаш со ниту еден збор не ги споменала сексуалните скандали на својот сопруг. |