Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Покрај Вардар ќе никне уште еден проблематичен објект!

Костовски се закани дека нема да издаде пресметка за комуналии

Деспина Трајковска

Градоначалникот Трифун Костовски предупредува дека на левиот брег на Вардар, пред Комерцијална банка можно е да никне уште еден проблематичен објект, како оној што се гради на кејот на местото на поранешната Народна банка. Локацијата за објектот, според Костовски, нема соодветни сообраќајни услови, а истовремено изградбата е проблематична и поради близината на речното корито.

Градоначалникот се закани дека Градот нема да издаде пресметка за наплата на комуналиите, независно кој ќе биде инвеститорот. Тој има сознанија дека објектот е предвиден за седиште на Уставниот суд. И од Општина Центар, пред четири месеци кога ја нацртаа маркичката во спорниот план „Мал ринг“, најавија дека таму се планира изградба на зграда за Устваниот суд и за неколку државни институции.

„Не' не интересира кој планира да се смести таму, туку дека маркичката се коси со постојниот ГУП. Нашиот став е јасен, планот ’Мал ринг‘ е незаконски и додека Уставен суд не се изјасни по нашата иницијатива за преиспитување на законитоста, нема да ја издадеме пресметката“, се закани вчера Костовски, потенцирајќи дека нема да потклекне под евентуалните притисоци на Владата.

„Уморен сум веќе од тие случувања, но во ниту еден момент нема да одам против законот“, додаде градоначалникот без да се изјасни дали и кој побарал пресметка за комуналии.

Од Општина Центар, пак, вчера само накусо рекоа дека досега никој не презел никакви официјални активности за таа маркичка. Но, со оглед на тоа дека во ДУП маркичката е регистрирана за административна намена, најверојатно, целата постапка ќе оди преку Министерството за транспорт. Дали и што е преземено досега и која е улогата на Министерството вчера не добивме одговор.

Инаку, маркичката за објектот, кој според ДУП може да биде висок и до 29 метри, значи, може да има девет ката, е предвидена со последните измени на ДУП „Мал ринг“ од пред четири месеци. Тогаш градските власти заедно со дел од експертската јавност покрај тоа што имаа забелешки за планираната црква на плоштадот, укажаа дека маркичката за градба на објектот не ги испо��нува сите услови за реализација, бидејќи нема планиран приод до објектот кој речиси е залепен до кејот. Беше потенцирано дека е проблематично и сообраќајното решение за делот на кој почна да се возобновува стариот театар, на местото на кое веќе никнува Музејот на холокаустот, а особено на просторот предвиден за изградба на музејскиот комплекс на ВМРО.


Статијата е прочитана 906 пати.

Испрати коментар

Од: Gorco
Датум: 10.12.2008 09:11:20
prestanete vekje da go unistuvate gradot. Skopje pocnuva da lici na Bagdad ili Bejrut. Imate tolku neikskoristeno zemjiste nasekade, vo Ostrovo, kaj Olimpiski, pa duri i ona nivine nasred plostad. Izgradete nekoja katna garaza za promena.
Од: ivan
Датум: 10.12.2008 15:44:19
Na Bagdat mozebi da, no ne na Bejrut, Bejrut e sreden iako go bombardiraa pred dve godini!!!
Од: zoran
Датум: 10.12.2008 16:40:08
vo grcija povod za izrazuvanje na nezadovolstvo od drzavata bese ubistvoto na maloletnik,i kaj nas se duva nezadovolstvoto,ke vidime koj ke bide povodot,no nema da bide do beskonecnost trpenieto 8413

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
„Лотус транспорт“ ново такси на улиците во Скопје
Градот не ги сака двокатните автобуси
ЈСП си ги бара парите од Владата за ученичките билети