Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Градот не ги сака двокатните автобуси

ЈСП и Градот Скопје нема да ги примат новите двокатни автобуси. Тие или ќе стојат во депото на сообраќајното претпријатие, или ќе ги подарат на други градови за туристички цели, информираше вчера градоначалникот Трифун Костовски. Тој им се извини на граѓаните што не успеал во својот мандат да им го поднови возниот парк во јавниот сообраќај.

Костовски изрази и сомневање дали по бројните премислувања на Владата колку и какви автобуси да набави, ќе се реализира и последниот тендер, чие отворање од 1 декември се одложи за еден и пол месец.

„Сето ова личи на шарена лага, бидејќи очигледно набавката ќе се случува во 2009 година, кога во буџетот има предвидено средства за едвај десетина автобуси. Каде завршија парите кои за јавен превоз беа наменети лани и годинава не се знае“, констатира Костовски. (С.Н.)


Статијата е прочитана 567 пати.

Испрати коментар

Од: Пинг
Датум: 10.12.2008 09:42:14
Ај, ај, ај. Со инает не се тера никаква работа, посебно не политика. Секоја чест на Г-дин Костовски, тој има ингеренции над Јсп СКОПЈЕ. Меѓутоа, сметам дека изјавата му е непромислена. Настрана тоа дали двоспратните автобуси се добро или лошо решение за јавниот превоз, сепак за тоа НЕ ТРЕБА САМО градоначалникот да одлучува. Што е со граѓаните-корисници на јавниот превоз, или пак што мислат вработените од јавното претпријатие кои сметам дека најдобро ги знаат проблемите со “кршот“ со кој располагаат. И уште нешто, се надевам дека нема и некоја друга позадина со оваа одлука на Градоначалникот. Да не се омрси некој трет. Поздрав до сите Ваши и наши. ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА:
Од: Uli
Датум: 10.12.2008 10:01:20
Kaj ste dezurni vmrovcinja ova da go iskomentirate ili se izmorivte pisuvajki za presudata na Bucko. Ke dojde red na sekoj kriminalec vo drzavava, pa i na ovie koi denes haraat niz MK. Ako mislea deka se vecni, pa mozat da pravat sto sakaat-debelo se izlazaa.
Од: damjan
Датум: 10.12.2008 13:17:44
Ako Trifun e za narodot i za gradot togas nema da gi koci rabotite ke ja ostavi vladata da gi nabavi avtobusite. Tuku ova e igra na pari ako gi napavi vladata toj nema da lapne nisto zatoa sakase toj da gi nabavuva. Na krajot na kraistata pa koj e trifun za se da odlucuva. Ima li svesni luge vo drzavava da vidat malku kako se odnesuva trifce.
Од: Shofer na uatobus od Sydney-aus.
Датум: 10.12.2008 21:18:34
Dvokatni autobusi ne odgovaraat za Skopje so 500 iljadi ziteli.Treba da se kypat prodolzeni autobusi do 18 metri dizel do 50 autobusi a drygite da bidat do 12 metri po moznost na plin ili dizel...volvo se najtrajnite.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
„Лотус транспорт“ ново такси на улиците во Скопје
Покрај Вардар ќе никне уште еден проблематичен објект!
ЈСП си ги бара парите од Владата за ученичките билети