Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Млади архитекти ќе осмислуваат нови живеалишта за ЗОО

Се преговара за набавка на фламинга, слон и жирафа

Деспина Трајковска


И покрај метежот и рекордниот број посетители во ЗОО, кој неделно достигнува дури и до 10.000, надлежните не прекинуваат со активностите за ревитализација на градината и зголемување на животинскиот фонд. Од вчера Зоолошката градина официјално соработува со Факултетот за архитектура и дизајн при Американскиот колеџ, чии шестмина најдобри студенти ќе изработат проект за нов ѕверовник. Истовремено, ЗОО е во исчекување на изборот на изведувач и дообезбедување финансии за изградба на нови живеалишта за морски лавови и фламинга, како и за слон и за жирафа. За набавка на овие животни директорот на ЗОО Дане Кузмановски интензивно преговара со збратимените зоолошки градини.

Неделава, сепак, надлежните се концентрирани на соработката со идните архитекти. Шест од нив се очекува да го изработат проектот за новиот ѕверовник за десетина дена, во чиј состав, но, сепак, како посебен објект ќе има и нов терариум и кафуле, а ќе се изведе и аквариум. Еден од студентите замислил и изградба на подводен тунел. Овој проект за идните архитекти ќе претставува завршен испит. Идејата на надлежните од ЗОО и младите архитекти е готовиот проект потоа да го понудат на заинтересирани донатори што би ги извеле градежните работи во текот на наредната година. Не е исклучена идејата и за други готови проекти ЗОО да обезбеди пари за изведба преку аукции.

Инаку, организирањето роденденски забави во едукативниот центар и во летниковцот во градината, кој се дава на бесплатно користење, е само дел од комерцијалните услуги во Зоолошката. Наскоро во непосредна близина на влезот ќе бидат поставени два шанка како катче за одмор и освежување, а веднаш до него ќе се отвори и патека за прошетка со пони-коњчиња, со кои посетителите ќе можат да се сликаат.

„Сигурен сум дека сиве овие содржини ќе придонесат за популација на ЗОО, која во изминатиот период е посетена како никогаш досега. Веќе наредната година очекувам да може да се вршат и вечерни посети и прошетки, бидејќи конечно, по десетици години постоење ќе инсталираме улично осветлување“, вели директорот Кузмановски, кој планира да изврши и целосна замена на електричните инсталации стари над 50 години. Во план е и поставување на комплетен видеонадзор со цел да се спречат посетителите кои несовесно се однесуваат при посетата на Зоолошката. Пешачките патеки целосно ќе се покријат со бехатон.


#
Статијата е прочитана 1317 пати.

Испрати коментар

Од: Mira
Датум: 09.06.2010 08:11:16
Bravo....Za Skopje lici ubava ZOO
Од: mkd
Датум: 09.06.2010 08:15:27
Na dobar pat se i realno treba da porabotata i na posetitelite.Da ima mesto za odmor kade moze da se napies kafe,da ima sendvici za decata,poveke toaleti na nekolku mesta vo gradinata,opisni mapi na vlezot ( podeleni po zoni) i niz gradinata itn. Ne e loso da se vklucat i volonteri od veterinarnata skola koi ke se druzat so zivotnite kako sto e vo Belgrad i zivotnite poveke sakaat kontakt so ludje
Од: Skopjanec
Датум: 09.06.2010 11:56:33
Bravo!...e ova e vest...idei, investiranja, obnovuvanja no vo nesto logicno....a ne vetar i magla! ..samo napred. Utrinski,ve molam vakvi poziivni vesti da objavuvate. Pozdrav.
Од: Перфекционист
Датум: 09.06.2010 12:54:21
Само дајте извадете ја таа кадата што служи како поило кај ламите. Или барем обложете ја со дрво...

Најди! во Утрински
Скопје
Фонтаната на Александар Македонски излегува на виделина
Акција за чистење смет и отпад
Уплатени 105 млн. денари за земјиште
Натпревар по прва помош