Акција за чистење смет и отпад
Во рамките на акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“ деновиве продолжи чистењето смет и отпад во Општина Шуто Оризари. Опфатени се улиците „Нов живот“, „Гвадалахара“, „Гарсија Лорка“, „Виетнамска“, „Че Гевара“ и „Брсјачка буна“, како и излезот од Општината во правец кон селата Оризари и Визбегово. Исто така, ќе се уредуваат и зелените површини и крошните на дрвјата. Акцијата за чистење на Скопје ќе трае до 24 јуни. (Мр.Т.) |