Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Фонтаната на Александар Македонски излегува на виделина

Општина Центар интензивно е ангажирана околу активностите за изградба на фонтаната со споменикот на Александар Македонски, највредниот од 17 што се дел од владиниот проект „Скопје 2014“.

Градежните активности за фонтаната веќе излегуваат на површина, а се изведуваат комбинирани зафати, на земја и под земја. Општинарите информираат дека се' уште се работи на темелење на фонтаната што ќе ја изработи „Бетон“ за 3 милиони евра.

Уште траат и градежни работи под земја. Подземните инсталации се дислоцирани, како и подземната машинска соба, а се започнати градежните работи за потребите на фонтаната, во чиј состав ќе има ново проектирана поголема машинска хала. Општината засега не прецизира дали и новата машинска соба ќе ја изведува „Бетон“ или допрва ќе се бара изведувач, што би можело да го пробие предвидениот рок за изградба на фонтаната. Според последните најави, тој истекува кон крајот на годинава. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 2209 пати.

Испрати коментар

Од: Mira
Датум: 09.06.2010 08:09:51
Bravo za vladata!
Од: pravda
Датум: 09.06.2010 11:47:46
E navistina bravo za vladata,mesto lekovi,bolnici,skoli,patista nie gradime fontani vo Skopje,navistina ne mi ide vo glava,zboruvame za kolaps na stocarstvoto,zemjodelstvoto,lozarstvoto ama fontanite i spomenicite gi pozdravuvame.Kolku da se znae cela Makedonija raboti da go ukrasi glavniot grad a zboruvame za razvoj na nerazvieni opstini i reoni e,pa nema razvoj zatoa site ke se naselime vo Skopje i ke bideme Republika Makedonija -Skopje!
Од: Така ли
Датум: 09.06.2010 15:14:22
А така ли. Па дај одма еден проект да направиме, Неготино ќе го правиме место Скопје. После Ресен ќе го правиме па да сме живи и здрави за Скопје. Па зарем Париз и Рим се попретставителни или Марсеј и Неапол. Вториве се разбира.
Од: od bolen
Датум: 09.06.2010 16:54:32
Вчера имав многу тежок ден во мојот живот,се онесвестив.Ме однесоа на лекар,по ивршениот преглед лекарот ,ме упати на снимање,и замислете што се случи .Ми рекоа дека на клиника им работи само еден апарат за снимање ими закажаа за после 6(ШЕСТ)месеци.замислете што ќе се случи после шест месеци фонтанатаможеби ке бидеготова ама многу од нас нема да ја видат.И благодарам на владата за огромната грижа што ја има за нас граѓаните.

Најди! во Утрински
Скопје
Млади архитекти ќе осмислуваат нови живеалишта за ЗОО
Акција за чистење смет и отпад
Уплатени 105 млн. денари за земјиште
Натпревар по прва помош