Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Уплатени 105 млн. денари за земјиште

Здравствената установа „Филип Втори“ уплати 105 милиони денари за градежното земјиште во Карпош 2 наменето за изградба на здравствени институции. Локацијата со површина од 8.400 квадратни метри „Филип Втори“ ја купи на јавно наддавање на кое понуди најповолна цена од 12.500 денари за квадрат.

За земјиштето што се наоѓа меѓу улицата „Бледски договор“ и булеварите „Илинден“, „8 Септември“ и „Партизански одреди“ Деталниот урбанистички план предвидува изградба на објекти - здравствени институции, со можност од алтернативна класа на намена за мали комерцијални деловни дејности. Министерството за транспорт и врски ќе склучи договор за отуѓување на градежното земјиште, со кој најповолниот понудувач се обврзува да обезбеди одобрение за градење во рок од девет месеци од извршената солемнизација на договорот. (С.Р.)


#
Статијата е прочитана 637 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Фонтаната на Александар Македонски излегува на виделина
Млади архитекти ќе осмислуваат нови живеалишта за ЗОО
Акција за чистење смет и отпад
Натпревар по прва помош