Натпревар по прва помош
Учениците од основните училишта од Скопје, победници на општинските натпревари во прва помош, денеска на платото пред Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе ги одмерат знаењата на градски натпревар. Вештите во оваа област ќе прифаќаат повредени и ќе санираат рани. Натпреварот го организира Црвен крст на Скопје. Во категоријата на подмладокот во натпреварите по Прва помош ќе се учествуваат 15 екипи. Натпреварот ќе започне во 10 часот, а учесниците три часа ќе се докажуваат во различни дисциплини. За победниците ќе има награди. (Сн.К.) |