Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Деца труени со цитостатици заради провизија

Белград го тресе афера со цитостатици, тешка околу осум милиони евра

БЕЛГРАД - Уапсениот Ненад Бороевиќ, директор на Институтот за онкологија и радиологија, неговиот заменик Зоран Томашевиќ, Зоран Бекиќ, началник на педијатрискиот оддел во Институтот, и Ивана Поповиќ, началничка на аптека, освен за примање мито од околу осум милиони евра од три фармацевтски компании, се осомничени и дека на пациенти заболени од рак им давале двојни или тројни дози цитостатици, дознава „Блиц“ од извори блиски до истрагата. Засега постои сомневање дека 20 пациенти, меѓу кои има и деца, добивале несоодветна терапија. Половина добивале двојни или тројни дози цитостатици, а другата половина примале доза лекови, иако немало потреба за тоа. „Проверуваме дали некој од пациентите умрел поради несоодветна терапија“, вели извор за „Блиц“.

По 14-месечна истрага, во соработка со Министерството за здравство, во акцијата „Краба“, а поради сомневање дека давале мито, уапсени се и Воислав Петровиќ, директор на белградското претставништво на фармацевтската куќа „Рош“, директорот на онколошкиот центар во „Фарма Свис“, Андреј Соретиќ, и Предраг Маринковиќ од компанијата „Астра зенека“.

„Бороевиќ и неговите соработници се осомничени дека по претходен договор со претставници на фаворизирани и однапред одредени фармацевтски компании, воведувале нови и ги проширувале постојните индикации за нивните цитостатици. Сите лекови ги плаќа Републички завод за здравствено осигурување. За да ја зголемат потрошувачката, осомничените им препишувале повеќе лекови на пациентите од потребните дози“, вели министерот на полицијата, Ивица Дачиќ.

Осомничените се уапсени во своите домови и никој не давал отпор кога оперативците на СБПОК им ставале лисици. Биле сослушани завчера попладне, а потоа им е одреден притвор од 48 часа.

Интересно е тоа дека уапсените д-р Бороевиќ и д-р Томашевиќ биле членови на две важни стручни комисии на Министерството за здравство и РЗО кои одлучуваат за примена и воведување нови цитостатици во терапијата на пациентите во Србија. Д-р Томашевиќ бил член на Комисијата за цитостатички лекови, без која не се донесувала ниедна одлука за проширување на индикации за цитостатици.

Во меѓувреме, полицијата истражува како директорот Бороевиќ и неговите најблиски соработници делеле пари што ги земале од претставници на фармацевтски компании, а според првите сознанија, парите ги трошеле на комотен живот. Покрај тоа, истражните органи утврдуваат која од фармацевтските компании на лекарите дала на��многу пари. Според првите наоди на истрагата, постојат сомнежи дека белградското претставништво на компанијата „Рош“ во изминатите четири години дале дури 30 милиони евра мито на поединци од разни институции за дистрибуција на своите производи.

Како што дознава „Блиц“, уапсените лекари и претставници на фармацевтските компании живееле луксузно и располагале со голем имот. Сите тие ќе се најдат на удар на Законот за одземање на имотот стекнат со криминал. Во приватниот сеф на д-р Ненад Бороевиќ се најдени 20.000 евра, а во касата на Андреја Соретиќ 50.000 евра. „Откриено е дека Бороевиќ продал на црно 800 шишиња виски што ги добил од пациенти. Интересно е дека остро ги критикуваше тие што не му дале скапо виски. Купил мобилен телефон ‘верта’, кој чини 8.000 евра. Еден осомничен купил автомобил ‘аудиРС’, кој чини околу 100.000 евра“, вели извор за „Блиц“ од истрагата.  (Блиц)


#
Статијата е прочитана 1234 пати.

Испрати коментар

Од: sase
Датум: 03.07.2010 02:19:12
Pa isto e tuka i kaj nas u Makedonija,sto mislite zarem nie nemame takvi sovesni "Doktori",so besni koli i dzipovi.Sramota....
Од: Трпе
Датум: 03.07.2010 19:45:24
А,која е разликата кај нас.Зарем епидемијата на свинскиот грип не беше чист бизнис транспортиран кај нас.За јавното здравство е јавна тајна а за приватното здравство не се смета за тајна.Првин ке ти направат пропаганден преглед а потоа ке ти препорачат скапо лекување.Хипократовата заклетва за докторите не важи.Кој има пари ке преживее,кој нема нека умре.

Најди! во Утрински
Хроника
Украинскиот претседател купи дрога на Интернет
Мајка и син препродаваледрога
Случајот на Ален Зекиров заглавен на вештачење
Тепачка со ножеви меѓу продавачи
Запленет хероин за македонскиот пазар