Запленет хероин за македонскиот пазар
Тирана - Албанската полиција во Тирана заплени 5,3 килограми хероин и уапси петмина жители на главниот град на Албанија. Уапсените признале дека дрогата била прошверцувана во Албанија од Италија и оти била наменета за наркопазарите во Македонија и во Косово. Полиција трага по уште едно лице, со кое уапсените имале само телефонски разговор, а тврдат дека не го познаваат, и за кое полицијата смета дека е главниот организатор на шверцот. Освен дрогата, полицијата заплени и автомобили марка БМВ, „мерцедес“ и „опел астра“. Еден од уапсените поседувал и грчко државјанство, а друг британско. (МИА) |