Мајка и син препродаваледрога
КУМАНОВО – Мајка и син се приведени во Куманово поради препродажба на дрога. Станува збор за 35-годишниот В.М. и неговата 60-годишна мајка С. М., кои поради недозволена трговија со дрога, вчера беа изведени пред Основното јавно обвинителство во Куманово.
При влегувањето на полициските инспектори во дворот на нивната куќа, мајката на осомничениот дилер на дрога се обидела да го исфрли доказниот материјал од прозорецот, а од друг прозорец се обидел да избега и нејзиниот син.
Во нивната куќа на улицата „Ангел Шајче‘‘ во строгиот центар на градот, инспектори на СВР Куманово пронашле и заплениле 500 грама хероин и поголема сума пари, и тоа 35.000 швајцарски франци, 2.390 американски долари, 100 евра и 43.000 денари, како и две дигитални ваги за прецизно мерење, најлонски кесички за пакување и 17 мобилни телефони.
Како што соопшти кумановската полиција, 35-годишниот С.М. е познат сторител на повеќе други кривични дела, како што се тешки кражби и учество во тепачки поради што има пресуди за издржување казна затвор во траење од 13 месеци. (Ст.Б.) |