Тепачка со ножеви меѓу продавачи
ТЕТОВО - Мирал Д. (35) од тетовска Шипковица се здобил со тешка повреда затоа што при улична продажба на млечни производи, пред се', кајмак, му пречел неговиот соселанец Мухарем М. (81). Двајцата, кои добро се познавале, се расправале за место за продажба на улица во населбата Горна Чаршија во Тетово. По вербалната расправија, постариот Мухарем употребил нож расекувајќи го својот помлад соселанец во левата подлактица, а потоа едноставно се оддалечил од местото на настанот. Полицијата го пронашла и го привела на информативен разговор, а најавува и пријава. (Г.Е.) |