Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Графичкиот дизајн е привлечна професија

Ликовниот уметник Денис Тенев е добитник на почесна награда за дигитална уметност на биенале во Кијанчијано

Катерина Богоева

Ликовниот уметник Денис Тенев на последната своја презентација во странство, на Меѓународната изложба за фотографија и дигитална уметност во септември во Кијанчијано, Италија беше награден со една од почесните награди за дигитална уметност и со учество на групна изложба во Лондон. На изложбата учествуваше со три дигитални графики и бил еден од околу 100 - те селективно избрани автори од 35 земји од светот.

„Најавата на многу веб-страници дека Биеналето Art Museum Chianciano Award , е второ по важност по Венециското Биенале, доби свое оправдување на самиот настан. Биеналето опфаќаше фотографија и дигитална уметност, а во истата институција постои и биенале за сликарство и скулптура. Организацијата беше над секое ниво, со околу 1.000 посетители на отварањето, придружено со разни церемонии и настани за време на неговото одржување. Но, најголемата тежина на настанот ја направи жири - комисијата составена од членови на Oxford University Alumni of Toscana и од врвни фотографи како што се Лони Шлејн – уредник на фотографија во Њујорк Тајмс, Џералд Бруни познат по некогашната тимска работа со Енди Ворхол, Крис Вард - Џонс , Золтан Наги, Марчело Менкарини. Секој од авторите учествуваше со по 3 дела кои беа изложени на околу 1000 м2 изложбен простор во самиот музеј. Беа доделени престижни награди посебно за дигитална уметност, а посебно за фотографија“ - посочи деновиве Тенев. Тој како што вели самиот, секогаш е преокупиран со повеќе работи одеднаш. Напомена и дека во последниов период разработува „една техника во класичното сликарство и се надева дека наскоро ќе се претстави со такви дела“, не откривајќи за какви дела поточно станува збор.

Иако има повеќе презентации во земјава и странство, учеството на Биеналето, но и стекнатото искуство со дигиталната уметност со која постојано експериментира и ги истражува нејзините нови можности, беше повод, овој автор да презентира и дел од своите размисли.

Денис Тенев смета дека земјава не назадува со познавање и создавање на дигиталната уметност во однос на западната култура, но дека сепак, сеуште се соочуваме со одредени прашања кои (не)оправдано се наметнуваат од љубителите на уметноста.

„Дигиталната уметност во светски размери беше несоодветно напаѓана и нестручно бранета, но денес повеќе не предизвикува толку дискусии и полемики. Напротив, се смета дека постмодернизмот го наследува дигиталната уметност. Македонија може да се пофали со автори кои ја користат ова техника, но сепак сеуште се соочуваме со одредени прашања кои се наметнуваат од љубителите на уметноста, веројатно од неинформираност. Често се прават забелешки дека со компјутер секој може лесно да создаде уметност, а се јавува и неоправдан сомнеж во нејзиното вреднување. Но, ако компјутерот го доживееме како една алатка повеќе во создавањето на ликовни дела, нема да чувствуваме потреба ниту да ја фаворизираме ниту да ја омаловажуваме. Во дигиталната уметност клучен момент е вештината при користење на дигиталната техника. Секогаш постои можност за интуитивно создавање на вредно ликовно дело, па и од оние кои не се бават професионално со тоа. Колку и да изгледа така, воопшто не е едноставно да се создаде вредна дигитална уметност“.

Во врска со постоечките забелешки дека дигиталниот принт теоретски може да се отпечати во неограничен број на еднакво квалитетни копии, а со тоа навидум и да се намали вредноста на отпечатокот и да се одземе уникатноста на делото, тој посочува:„Проблемот, во суштина, е многу подлабок. Според мене, најстрашната работа што може да му се случи на секој автор во класичната уметност е да западне во комерцијално „творештво“ со што маниристички ќе ги повторува делата, без да покаже истражувачки напредок во својата ликовност, што помалку наликува на „принтање“ и со тоа ја нарушува уникатноста на своите дела. Дигиталната и класичната уметност можат да станат комерцијални и на сличен начин да ја изгубат уникатноста“.

На изложбата во Кијанчијано, тој се соочил и со третманот на дигиталната фотографија, која според него треба како посебна дисциплина да се одвои од дигиталната уметност.

“Фотографијата и класичното сликарство отсекогаш биле одвоени како дисциплини. Денес се јавува посебна дисциплина во фотографијата наречена дигитално манипулирана фотографија. Всушност станува збор за игра со термини кои сеуште ни во светски размери не се конечно дефинирани. Според мене, ова што јас го работам дигитално, треба да се нарекува Digital Painting или Digital Drawing или како што популарно го нареков DigiDrawInkes. Фотографијата и сликарството можат да бидат слични во ликовноста, но различни се во пристапот на создавање. Па така, се што е ликовно обликувано, преку дигитална технологија треба да се нарекува дигитална уметност, но терминолошки да се раздвојат како што посочив.

За жал, овие термини сеуште не се нашироко познати, па затоа кога ќе се каже дигитална уметност најчесто се мисли на дигитално сликарство или цр��еж, а кога ќе се каже пак дигитална фотографија, се мисли на на дигитално фотографирање или манипулирање на фотографија. Интересно е дека жирито на Биеналето во Кијанчијано, составено од експерти, очигледно не ја зема во обзир оваа терминологија во својата проценка, па на целиот настан му беше фрлена мала сенка кога највредните награди за дигитална уметност им беа доделени на фотографии, а не на дигитални сликарски дела. Интересно е што повеќе автори на дигитална уметност пријателски реагиравме, но набргу заклучивме дека се работи за недоволно разбирање на овие термини, иако изложбата беше јасно подвоена: фотографија и дигитална уметност.

Денис Тенев своето искуство со графичкиот дизајн им го пренесува и на студентите во Колеџот за графички и веб-дизајн при „Семос едукација“. Смета дека графичкиот дизајн е привлечна професија и воопшто не е изненаден од се поголемиот интерес што за него го покажуваат младите.

„Искуството покажува дека поголемиот процент на студенти, барем во овој колеџ не само што се заинтересирани, туку се спремни и да научат да ги совладаат вештините. Тоа е уште поголем мотив да им го предадам моето искуство и со тоа да им помогнам да се обликуваат ликовно како идни дизајнери. Не е тајна дека многу од нив набргу после завршувањето наоѓаат и вработување, што јасно зборува долгорочно за перспективата на оваа професија“.


#
Статијата е прочитана 570 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Петмина македонски автори ќе изложуваат во Бугарија
Нови книги






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic