Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Нови книги

„Книгата на таткото“ Од Урс Видмер, „Или-или“, 241 страница

„Книгата на таткото“ од Видмер претставува некролог на своеволието, оддалеченоста од реалноста и опседнатоста со литературата на еден фанатичен човек, кој го заборава светот околу себе и кој имал среќа да и' го препушти реалниот живот на својата жена. Затоа оваа книга воопшто не е книга на таткото, туку е роман за еден човек што се вљубува во литературата. Во ова литературно изјавување љубов, Видмер, за инает на сета семејна трагичност, дава еден иронично ведар тон и притоа умешно ги поврзува семејната хроника и историјата.

„Раскази кои немаат намера да бидат тоа“ Од Андреја Јанковски, „Бегемот“, 215 страници

„Раскази кои немаат намера да бидат тоа“ е зрел наративен ракопис од постмодерен тип, тоа се суптилни, проникливи откршоци од нашата стварност и секојдневје, пропуштени низ призмата на авторската раскошна имагинација, но и низ призмата на една завидна интелектуална наобразба што денес теоретичарите, обично, ја сместуваат во парадигмата интертекстуалитет. Андреа Јанковски е новото откритие на нашиот расказ.

Нараторот на Јанковски е лик што ги испитува прашањата на доблестите, страстите, искушенијата, љубопитноста, трпеливоста, разборитоста, расудувањата, владеењето со себеси и со околностите, искуството, судирите, благодарноста.

„Две перници“ Од Оливера Ќорвезировска, „Три“, 327 страници

„Зошто ова не е роман?“, прашува Лидија Димковска, а Ермис Лафазановски вели: „Постојаното преплетување на најфундаменталните антрополошки категории: животот и смртта, нивната игра на границата на можното и невозможното, постојаната замена на местата, пресоблекувањето во рувото на радоста и тагата, кокетирањето со реалното и надреалното,.. тоа е течението по кое плови читателот низ целава збирка раскази, која, патем, се чита небаре е еден прозен текст, една нарација, еден здив“.

„Археологија на знаењето“ Од Мишел Фуко, „Слово“, 264 страници

За ова дело на Фуко, објавено прв пат во 1969 година, се вели дека претставува главно свртување на авторот кон методологијата. Својата анализа Фуко ја фокусира на дискурзивните правилности, односно на единиците на дискурсот, на формирањето исказни модалитети, формирање концепти и стратегии итн. Исто така, Фуко посебно во оваа книга се задржува на исказот како основна единица на дискурсот. Тој вели дека анализата што ја изнесува претставува само една можна постапка и дека тој не сака да ги оттурне другите начини на размислување. За да ги покаже принципите на произведувањето на значења во различните дискурзивни формации, описот го прави врз основа на она што е навистина речено и напишано за време на тие временски периоди, ги анализира онака како што тие тврдењата за вистината се јавуваат во различни епохи. Тој посебно тука ги опишува ренесансата, просветителството и дваесеттиот век.




#
Статијата е прочитана 475 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Петмина македонски автори ќе изложуваат во Бугарија
Графичкиот дизајн е привлечна професија






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic