Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Скопје

Зградите на плоштад ќе добијат стилски фасади дури в година

Во тек е избор на идејно решение за обнова на фасадата на „Пелистер“

Деспина Трајковска


Фасадите на објектите што гравитираат околу плоштадот ќе станат стилски дури в година. Градот Скопје деновиве презеде конкретни активности за нивна обнова, обврска што ја доби со проектот „Скопје 2014“. Засега се предвидува стилски изглед да добијат фасадите на четири објекти и тоа зградата на „Пелагонија“, некогашниот објект на „Пелистер“ денес познат како „Дал-мет-фу“, станбената зграда до неа и првата зграда на „Максим Горки“. Досега градските власти го распишаа конкурсот за идејно решение само за обнова на фасадата на зградата на некогашен „Пелистер“. За останатите три, допрва ќе се распишуваат јавни повици.

Во конкурсот за фасадата на „Пелистер“, од заинтересираните субјекти се бара да достават идејно решение за реконструкција на фасадата, без конкретно наведено услови за стилскиот изглед како што беше најавено со владиниот проект. Според објаснувањето на надлежните, изгледот ќе се утврди во зависност од понудените решенија.

„Во повикот е наведено дека бараме реконструкција на фасадата, а за тоа имаме и согласност од куќниот совет. Од понудите ќе зависи каков изглед ќе има таа, за што ќе одлучува стручна комисија“, велат од Градот.

Според нивните процени, фасадата на „Пелистер“, најверојатно, ќе почне да се обновува кон крајот на годинава или во почетокот на идната година, со оглед на времето потребно за изработка на идеен и основен проект како и за избор на изведувач на реконструкцијата. Допрва, пак, треба да се распишуваат тендери за идејни решенија за изгледот на фасадите на останатите три објекти. Од Градот објаснуваат дека време за реализација на предвиденото има, со оглед на тоа дека конечниот лик објектите треба да го добијат до 2014 година. Дополнително, тврдат од Градот, ќе се утврди дали обновата на фасадите целосно ќе биде финансирана со пари од градскиот буџет, или средства ќе се издвојат и од владината каса, бидејќи стилските фасади се дел од владиниот проект. Градоначалникот Коце Трајановски неодамна информираше дека засега од Градот се предвидени од 15 до 20 милиони денари за фасадите.

Инаку, освен со фасадите, Градот Скопје во „Скопје 2014“ е вклучен и со проектот за обнова на оградите на три моста. За реконструкција на оградите на мостот кај „Холидеј ин“ и кај Народна банка идејните решенија веќе се избрани и се работи на проектите. Се' уште трае конкурсот за избор на идејно решение за реконструкција на оградата на „Гоце Делчев“.


#
Статијата е прочитана 601 пати.

Испрати коментар

Од: star skopjanec
Датум: 16.04.2010 08:36:29
Koce Trajanovski go dobi mandatot da gi RESAVA problemite na SITE GRAGJANI, a ne SLEPO da gi ispolnuva zelbite na negoviot Vozd Nikola Gruevski i za toa da gi trosi parite na site skopjani.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 16.04.2010 13:03:58
Продолжува градењето на „Потемкиново Село 2014Δ.п.н.е.“! Монументално! Колосално! Браос, беееЕее...!

Најди! во Утрински
Скопје
Улиците поплавени поради затнати шахти
Конкурс за најеколошка компанија
Повеќе пари за ученичкиот превоз