Конкурс за најеколошка компанија
Во рамките на акцијата „Денови на пролетта - Денови на екологијата", Градот Скопје распиша јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор од куќа, зграда, фирма или институција, како и за најубав состав и цртеж на тема екологија. Заинтересираните граѓани и организации можат да ги достават своите пријави на адресата на Град Скопје, на улица „Илинденска“ бб или во архивата на Градот, како и на телефоните 3297-273 и 3297-302. Пријавувањето започнува на 22 април и ќе трае до 15 мај. За првите две категории е предвидена награда од по 45.000 денари. Победниците ќе ги прогласи градоначалникот Трајановски, на 5 јуни. (С.Н.)
|