Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Скопје

Улиците поплавени поради затнати шахти

Атмосферската мрежа ја има само на 30проценти од улиците и тоа во поновите населби

Песок, маснотии, комунален отпад, најлони и друго ѓубре, наместо вода течат низ атмосферската канализација во Скопје. Поради несовесните граѓани што чуваат песок на тротоар, мијат возила на улица, или кафеанџии што ги исфрлаат маснотиите директно во одводите, при неколкудневни дождови улиците н�� пливаат во вода.

Атмосферската мрежа ја има само на 30 проценти од улиците, и тоа во поновите населби Центар, Карпош, Аеродром. Градските власти најавуваат проекти за проширување на мрежата, особено на новите булевари што се во изградба. Исто така, ќе се дооформи и канализацијата кај клучката „Континентал“ со колектор до Вардар, а ќе се гради и една мрежа во Општина Чаир.

Сепак, сведоци сме дека и таму каде што ја има атмосферската канализација не функционира поради затнатите шахти. За проблемот се свесни и надлежните во Градот Скопје и во „Водовод и канализација“. Јавното претпријатие ги одржува шахтите, но понекогаш е немоќно поради несовесните граѓани. Од „Водовод“ велат дека можат да исчистат одвод, но не и да го казнат сторителот. Тоа е работа на комуналните инспектори, кои, пак, можат да напишат само прекршочна пријава.

„Екипите за одржување секојдневно ги контролираат шахтите од атмосферската канализација на критичните точки, како што се подвозниците, каде што може да дојде до поголеми поплави. Остатокот од мрежата се контролира еднаш месечно. Сепак, тоа не гарантира дека шахтите секогаш ќе бидат чисти, бидејќи ние немаме овластувања да предупредуваме или да казнуваме“, велат во „Водовод“. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 368 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 16.04.2010 00:44:25
Ke da e od kuchinnjata, zatoa gadonachalnikot kupuva novi jamki, ili od staorcite ( ama toa e vo nadleznost na decentraliziranata lokalna samouprava) pa nego uvce ne go bili, ili mozebi od kolite vo Kapishtec cij parking go zazede "Zebra", pa sega sekoja nedela go polnat gradskiot budzet so kazni...Pa bogami gospod e protiv segasnata vlast... Kimov, nacional-patriot, sto ke kazete sega? AAAA, mi tekna B.C. e vinoven za Zebra, za dupki, za iseceni drvja, za dupki po ulicite, za sekojdnevni oruzheni plachoksuavnja na institucii na legalni i nelegalni kriminalci... Koce neka kupuva novi jamki za lovenje kuchinja i dvokatni kineski avtobusi... A be narodot nema pari ni za bilet za vo avtobus...Jasno vi e vemer-OVCI?
Од: b
Датум: 16.04.2010 09:49:09
А бре доста со вакви безначајни теми од кујната на СДСМ. Каде е итернетот во оние нечисти конзерви од автобуси, касде е саатот на стара железничка да се направи? Тоа е прашањето што значи живот за Скопје, а не имало вода по улици! Па и Венеција има, па што?

Најди! во Утрински
Скопје
Зградите на плоштад ќе добијат стилски фасади дури в година
Конкурс за најеколошка компанија
Повеќе пари за ученичкиот превоз