Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Скопје

Повеќе пари за ученичкиот превоз

Приватните превозници бараат од Министерството за образование и наука да определи одреден износ што ќе им се исплатува по ученик за учество во бесплатниот превоз за средношколците од прва и од втора година. Приватниците се жалат дека според досегашната распределба на средствата месечно добиваат 150 денари по ученик. Велат дека е тоа неспоредливо со износот што го добива ЈСП, а е во висина на чинење на месечниот ученички билет. Приватните превозници сметаат дека треба да добиваат минимум 250 денари по ученик. Од „Слобода превоз“ објаснуваат дека токму тоа е и причината за доцнење на исплатата на средствата за изминатите месеци. Приватниците добиле само дел од парите за јануари, а се надеваат дека доцнењето ќе биде надминато и до крајот на јуни ќе ги добијат и последните средства за оваа учебна година.

„Изминатата година целосно ни беше исплатена, а сега исплатата доцни, бидејќи имаме спор околу висината на средствата. Добивме само дел од средствата и додека Министерството не го разгледа нашиот допис, со кој бараме да ни се исплатува минимум 250 денари по ученик, веројатно ќе ги почекаме останатите пари“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 268 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Зградите на плоштад ќе добијат стилски фасади дури в година
Улиците поплавени поради затнати шахти
Конкурс за најеколошка компанија